SafeJournalists: Смртни закани за уредникот и заменик-уредникот на порталот Антена М радио во Црна Гора преку Фејсбук

SafeJournalists: Смртни закани за уредникот и заменик-уредникот на порталот Антена М радио во Црна Гора преку Фејсбук
photo: canva

Уредникот Дарко Шуковиќ и заменик-уредничката Милена Апрчовиќ на радио порталот Антена М во Црна Гора во средата добија сериозни закани преку Фејсбук.

Ѓорѓије Тадиќ од градот Никшиќ испрати коментар под написот во кој на новинарите им порачува дека „треба да се ликвидираат“, како и дека се друго треба да се затвори.

Полицијата го идентификувала авторот на заканите и извршила претрес при што го пронашла оружјето за кое Тадиќ нема дозвола. Надлежниот обвинител, сепак, одлучи да поведе постапка по службена должност само за дел од недозволено поседување оружје, а рече дека „нема елементи на кривично дело“ за закани кон вработени во медиумите. Но, по притисок од јавноста, в.д. Врховен државен обвинител Татјана Беговиќ му наложи на Основното државно обвинителство сепак да поднесе кривична пријава поради заканите упатени кон Антена М.

„Синдикатот на медиуми на Црна Гора очекува надлежните органи сериозно да ги сфатат овие и сите закани кон новинарите и медиумските работници во Црна Гора и соодветно да го казнат сторителот со цел да се испрати порака дека загрозувањето на безбедноста на новинарите е апсолутно неприфатливо. Ова е 11-ти случај на напади врз новинари во Црна Гора во текот на 2023 година, а неодамна бројот на онлајн закани се зголеми“, рече претседателот на СМЦГ, Радомир Крачковиќ.

SafeJournalists мрежата, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се придружува на својата членка СМЦГ во осуда на заканата и апелира до надлежните државни органи на Црна Гора, особено до обвинителството, да ги третираат заканите кон новинарите и медиумите преку социјалните мрежи со особено внимание, бидејќи е забележан раст на ваквите закани, кои често имаат многу сериозна природа.

Мрежата SafeJournalists ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни за овој случај.

 

Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Приштина – Скопје – Сараево – Загреб – Белград – Подгорица, 11.08.2023

 

Здружение на новинари на Македонија

Здружение на новинари на Косово

Здружение на новинари на БиХ

Хрватското здружение на новинари

Независното здружение на новинари на Србија

Синдикатот на медиуми на Црна Гора