Информации за случајот
Лични информации
- Регионален центарСкопје
- Кој беше нападнат?Новинар
- ПолЖенски
- Име на жртва(и).Сузана Вренцовска
Медиумски медиум
- Име на медиумотСДК.МК
- Вид на медиумска платформаОнлајн медиуми
- Извор на информации за инцидентотhttps://sdk.mk/index.php/makedonija/zapalena-kolata-na-dopisnichkata-na-sakamdakazham-mk-od-ohrid/
Податоци за инцидентот
- Датум на инцидентот05.01.2025
- ГрадотОхрид
- сторител(и)Непознат
- Вид на инцидентНапади врз медиуми и организации
- Вид на нападИнвазија или вандализирање на надворешниот простор околу просториите и/или зградите и/или предметите на медиумот
Акција на властите
Акција преземена од здружението на новинари
- Дали новинарското здружение беше директно информирано од новинарите?Да
- Каква беше реакцијата на новинарското здружение?Здружението јавно реагираше
Здружението испрати писмо за загриженост до институциите
Здружението на новинари на Македонија најостро го осудува инцидентот во кој беше запалено возилото на новинарката на САКАМДАКАЖАМ.МК, Сузана Вренцовска, од Охрид. Возилото било запалено на 05 јануари 2025 година, во дворот на семејната куќа, во гаражата каде што било паркирано. Според првичните информации, постои сомнеж дека станува збор за намерно предизвикан акт. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и темелна истрага за утврдување на сите детали и мотиви за овој тежок инцидент.
Овој случај укажува на загрижувачки тренд на зголемени ризици со кои се соочуваат новинарите во земјава. Дополнително, ова не е изолиран инцидент. Во октомври 2024 година беше запалено и возилото на колегата Благој Серсемов, уредник на локалната телевизија и онлајн медиум М-нет од Штип. Иако мотивите за овие напади сè уште не се утврдени, важно е да се истакне дека ваквите инциденти, доколку немаат правна разрешница, може да создадат чувство на несигурност меѓу новинарите и да ја поткопаат нивната работа во служба на јавниот интерес.
Ги повикуваме надлежните институции да преземат итни и конкретни мерки за целосно расветлување на двата случаи, а сторителите мора да бидат идентификувани и соодветно санкционирани. Недозволиво е да постои неказнивост и да се создава простор за шпекулации во јавниот дискурс. Брзото дејствување е од клучно значење за зачувување на слободата на изразување и за спречување на самоцензура кај новинарите.