Информации за случајот
Лични информации
- Регионален центарСкопје
- Кој беше нападнат?Новинар
- ПолМашки
- Име на жртва(и).Фуркан Салиу
Медиумски медиум
- Име на медиумотПорталиКс
- Вид на медиумска платформаОнлајн медиуми
- Извор на информации за инцидентотhttps://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-o%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d0%b0%d0%b4%d0%be%d1%82-%d0%ba%d0%be%d0%bd-%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b5%d0%b3%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%84%d1%83%d1%80%d0%ba%d0%b0/
Податоци за инцидентот
- Датум на инцидентот21.03.2024
- ГрадотКичево
- сторител(и)Познато (осомничено)
- Нападнати одЈавно лице(и)
- Вид на инцидентlife_threat
Акција на властите
- Јавно обвинителствоПоднесена кривична пријава - но нема определно мерка притвор (само мерки за претпазливост)
- Судска постапкаПоднесена кривична пријава - но нема определно мерка притвор (само мерки за претпазливост)
Акција преземена од здружението на новинари
- Дали новинарското здружение беше директно информирано од новинарите?Да
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува денешниот физички напад кон новинарот Фуркан Салиу од страна на извршителката од Кичево, Весна Јакимовска.
Овој скандалозен настан следува по серијата истражувачки стории поврзани со извршителката од страна на ПорталИкс и Салиу, кој денеска при земање на изјава од извршителката бил физички нападнат од неа и притоа се здобил со повреда на раката но и скршен микрофон од неговата опрема. Колегата Салиу на местото на настанот повикал полиција и во моментов дава исказ во полициската станица. За овој настан известен е и обвинител од Кичево.
ЗНМ веднаш стапи во комуникација со контакт точките во МВР и ОЈО поврзани со вакви случаи за да го следи случајот одблизу.
Контакт точките, односно лицата во МВР и ОЈО се од голема важност во контекст на брза и ефективна комуникација со ЗНМ кога станува збор за повреда на право на новинар или медиумски работник и овозможува поголема институционална заштита.
Потсетуваме дека напад на новинар или медиумски работник при вршење на професионални задачи е кривично дело каде што МВР и ОЈО имаат обврска да постапуваат по службена должност. Бараме од МВР и ОЈО да спроведат брза и ефикасна истрага во интерес на санкционирање на напаѓачот, во овој случај извршителката Јакимовска.
ЗНМ за овој случај освен за кривична одговорност, ќе побара и дисциплинска мерка, согласно кодексот на професионалната етика на извршителите за одземање на лиценцата за работа од страна на Комората на извршители на Република Северна Македонија.