Колегата Адеми повторно попречен во својата работа. МВР итно да истражи

Колегата Адеми повторно попречен во својата работа. МВР итно да истражи
  • Информации за случајот

  • Лични информации

  • Регионален центар
    Скопје
  • Пол
    Машки
  • Име на жртва(и).
    Невриј Адеми
  • Медиумски медиум

  • Име на медиумот
    ТетоваСот
  • Вид на медиумска платформа
    Радио
    Онлајн медиуми
  • Извор на информации за инцидентот
    https://www.tetovasot.com/2022/10/shgm-mpb-ja-te-hetoje-menjehere-rastin-e-sulmuesit-te-gazetarit-te-tetovasot-nevrij-ademi/
  • Податоци за инцидентот

  • Датум на инцидентот
    31.10.2022
  • Градот
    Тетово
  • сторител(и)
    Непознат
  • Нападнати од
    (обични) граѓани
  • Вид на инцидент
    Други закани за новинарите
  • Акција на властите

  • Акција преземена од здружението на новинари

  • Дали новинарското здружение беше директно информирано од новинарите?
    Да

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на денешното попречување на вршење на работата на колегата Невриj Адеми од Тетова Сот, на кој му била одземена опремата и насилно бил отстранет од просториите во тетовско средно училиште од страна на непознато лице.

Според изјавите на колегата Адеми, денеска во просториите на тетовското средно училиште ,,7-ми Март”, додека чекал да сними прилог со директорот на ова училиште, од страна на непознато лице му бил одземен мобилниот телефон и турнат микрофонот. Веднаш потоа истото лице користејќи груб речник, се обидел да го истурка новинарот надвор во училишниот двор.

„Еден човек излезе од канцеларијата на директорот на училиштето кој ми рече дека директорот не е на работа и дека бил многу зафатен со обврски. Јас му одговорив дека ќе го почекам тука и во тој момент човекот ме фати за рака за да ме избрка надвор, јас му реков да не ме допира. Тој продолжи да ме брка од училиштето и ми го зема телефонот и микрофонот од рака“, изјави Адеми.

Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи, а ЗНМ ќе ја следи истрагата и ќе инсистира на одговорност од страна на лицето кое го спречил новинарот Адеми да ја врши својата работа. Ова е втор инцидент кој се случува оваа година со новинарот Невриј Адеми, тој во првиот немил настан беше бркан од лице со секира од место на кое исто така снимал прилог, за што напаѓачот беше кривично гонет а потоа и осуден.