Осуда за физичкиот напад врз снимателот на ТВ24 Иван Камчев

Осуда за физичкиот напад врз снимателот на ТВ24 Иван Камчев
  • Информации за случајот

  • Лични информации

  • Регионален центар
    Скопје
  • Пол
    Машки
  • Име на жртва(и).
    Иван Камчев
  • Медиумски медиум

  • Име на медиумот
    TV24
  • Вид на медиумска платформа
    Радио
  • Извор на информации за инцидентот
    https://znm.org.mk/%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%84%d0%b8%d0%b7%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d0%b0%d0%b4-%d0%b2%d1%80%d0%b7-%d1%81%d0%bd%d0%b8%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%bb-2/
  • Податоци за инцидентот

  • Датум на инцидентот
    18.07.2023
  • Градот
    Градско
  • сторител(и)
    Непознат
  • Нападнати од
    (обични) граѓани
  • Вид на инцидент
    life_threat
  • Акција на властите

  • Јавно обвинителство
    пријавено и постапено од страна на обвинител
  • Судска постапка
    На 13 ноември 2023 осудителната пресуда донесена од страна на Основниот суд во Кавадарци на 03.11.2023 каде обвинетиот Љ. Р. е прогласен за виновен за извршено кривично дело, спречување на службено лице во вршење на службено дејствие по член 382 став 3 од новиот изменет Кривичен законик
  • Акција преземена од здружението на новинари

  • Дали новинарското здружение беше директно информирано од новинарите?
    Да

Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ остро го осудува вербалниот и физички напад врз снимателот на ТВ 24 Иван Камчев при што напаѓачот ја оштетил опремата.

Колегата Камчев враќајки се од денешно снимање со колега од МРТВ на патот Градско-Прилеп кај Росоман биле сведоци на сообраќајна несреќа. Во обид да го документираат настанот снимателот Камчев  бил вербално, а потоа и физички нападнат при што му била оштетена неговата опрема.

Во телефонски разговор веднаш по немилиот настан, колегата Камчев го пријави случајот во ЗНМ и изјави:

,,Само што почнав да снимам инсерти, лицето се доближи до мене почна да вика предавници новинари, само некакви права барате и ни се обрати со погрдни зборови. Неколку пати замавна по мене и еднаш успеа да го погоди сталакот и ја оштети камерата.”

Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи СВР Велес од каде имаме информација дека веднаш по пријавата се преземени мерки за расчистување на случајот.

ЗНМ ќе ја следи истрагата и ќе инсистира на одговорност од страна на лицето кое физички го нападнал снимателот Камчев и го спречил физички да ја изврши својата професионална работа.

Потсетуваме дека напад на медиумски работник при вршење на професионални задачи е кривично дело каде што МВР и ОЈО имаат обврска да постапуваат по службена должност. Бараме од МВР и ОЈО да спроведат брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот.