Информации за случајот
Лични информации
- Регионален центарСкопје
- ПолМашки
- Име на жртва(и).Иван Камчев
Медиумски медиум
- Име на медиумотTV24
- Вид на медиумска платформаРадио
- Извор на информации за инцидентотhttps://znm.org.mk/%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%84%d0%b8%d0%b7%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d0%b0%d0%b4-%d0%b2%d1%80%d0%b7-%d1%81%d0%bd%d0%b8%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%bb-2/
Податоци за инцидентот
- Датум на инцидентот18.07.2023
- ГрадотГрадско
- сторител(и)Непознат
- Нападнати од(обични) граѓани
- Вид на инцидентlife_threat
Акција на властите
- Јавно обвинителствопријавено и постапено од страна на обвинител
- Судска постапкаНа 13 ноември 2023 осудителната пресуда донесена од страна на Основниот суд во Кавадарци на 03.11.2023 каде обвинетиот Љ. Р. е прогласен за виновен за извршено кривично дело, спречување на службено лице во вршење на службено дејствие по член 382 став 3 од новиот изменет Кривичен законик
Акција преземена од здружението на новинари
- Дали новинарското здружение беше директно информирано од новинарите?Да
Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ остро го осудува вербалниот и физички напад врз снимателот на ТВ 24 Иван Камчев при што напаѓачот ја оштетил опремата.
Колегата Камчев враќајки се од денешно снимање со колега од МРТВ на патот Градско-Прилеп кај Росоман биле сведоци на сообраќајна несреќа. Во обид да го документираат настанот снимателот Камчев бил вербално, а потоа и физички нападнат при што му била оштетена неговата опрема.
Во телефонски разговор веднаш по немилиот настан, колегата Камчев го пријави случајот во ЗНМ и изјави:
,,Само што почнав да снимам инсерти, лицето се доближи до мене почна да вика предавници новинари, само некакви права барате и ни се обрати со погрдни зборови. Неколку пати замавна по мене и еднаш успеа да го погоди сталакот и ја оштети камерата.”
Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи СВР Велес од каде имаме информација дека веднаш по пријавата се преземени мерки за расчистување на случајот.
ЗНМ ќе ја следи истрагата и ќе инсистира на одговорност од страна на лицето кое физички го нападнал снимателот Камчев и го спречил физички да ја изврши својата професионална работа.
Потсетуваме дека напад на медиумски работник при вршење на професионални задачи е кривично дело каде што МВР и ОЈО имаат обврска да постапуваат по службена должност. Бараме од МВР и ОЈО да спроведат брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот.