Анализа на случаи на клевета и навреда

Анализа на случаи на клевета и навреда

Во периодот од октомври 2014 година заклучно со јуни 2015 година Здружението на новинарите на Македонија следеше 39 предмети (вкупно 106 рочишта). Целта на мониторингот беше да се анализира примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и Законот за парнична постапка од страна на Основниот суд 2 во Скопје, како и носење заклучоци за степенот на сличност со практиките  на Европскиот суд за човекови права од Стразбур.