Слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање наспроти безбедноста на новинарите се нераскинливо поврзани теми, кои задираат во најзначајните пори на новинарството. Тие, всушност, ја отсликуваат зрелоста на едно општество и една демократија да се избори со предизвиците врз кои е исправено новинарството денес. Главните предизвици, кои со години се провлекуваат, се лошата економска положба на дел од новинарите, но и финансискиот притисок кон дел од медиумите од разни политички и бизнис-центри на моќ, како и обидите да се влијае врз новинарството на брутален начин, преку заканите за безбедноста врз новинарките и новинарите. Овој втор сегмент на овие два клучни елементи што ја претставуваат работата на новинарите е предмет на наша опсервација во оваа публикација, како документ за едно време, кое ќе сведочи за односот на институциите кон овој проблем наспроти огромната жртва што ја даваат новинарите во битката со видливите и невидливите насилници.
За да ja симнете и прочитате публикацијата, кликнете на следниов ЛИНК