Земјата | MK |
Име и презиме | Зоран Божиновски |
Пол | Mашки |
Датум | 26/10/2022 |
Градот | Битола |
Вид на напад | Актуелни напади врз новинарите |
Од кого | Од страна на граѓанин |
Сторителот / осомничениот | непознат сторител |
Тип на медиум | Онлајн |
Име на медиумот | Буревесник |
Извор | https://a1on.mk/macedonia/pretepan-sopstvenikot-na-burevesnik-zoran-bozhinovski/ |
Дали здружението на новинари било информирано? | Да |
Каква беше реакцијата на новинарското здружение? | Јавно соопштение |
Дали нападот е пријавен во полиција/власти? | Случајот беше пријавен во полиција Случајот беше пријавен во Јавното обвинителство |
Здружението на новинарите на Македонија и Советот за етика во медиумите на Македонија бараат итна реакција од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот врз сопственикот нa порталот “Буревесник” Зоран Божиновски.
Според објавите во медиумите, нападот се случил вчера вечер во Битола, пред неговата куќа и нанесени му се тешки телесни повреди од страна на две маскирани лица. Случајот е веќе пријавен во полиција.
Го осудуваме секој облик на физичко насилство и потенцираме дека физичкиот напад претставува кривично дело.
Апелираме МВР и ОЈО, итно да ги истражат и процесираат ваквите напади со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот, но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина.