ЗНМ бара итна истрага за нападот врз Божиновски

    0
    163
    Земјата MK
    Име и презиме Зоран Божиновски
    Пол Mашки
    Датум 26/10/2022
    Градот Битола
    Вид на напад Актуелни напади врз новинарите
    Од кого Од страна на граѓанин
    Сторителот / осомничениот непознат сторител
    Тип на медиум Онлајн
    Име на медиумот Буревесник
    Извор https://a1on.mk/macedonia/pretepan-sopstvenikot-na-burevesnik-zoran-bozhinovski/
    Дали здружението на новинари било информирано? Да
    Каква беше реакцијата на новинарското здружение? Јавно соопштение
    Дали нападот е пријавен во полиција/власти? Случајот беше пријавен во полиција Случајот беше пријавен во Јавното обвинителство

    Здружението на новинарите на Македонија и Советот за етика во медиумите на Македонија бараат итна реакција од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот врз сопственикот нa порталот “Буревесник” Зоран Божиновски.

    Според објавите во медиумите, нападот се случил вчера вечер во Битола, пред неговата куќа и нанесени му се тешки телесни повреди од страна на две маскирани лица. Случајот е веќе пријавен во полиција.

    Го осудуваме секој облик на физичко насилство и потенцираме дека физичкиот напад претставува кривично дело.

    Апелираме МВР и ОЈО, итно да ги истражат и процесираат ваквите напади со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот, но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина.