ЗНМ со пријава до МВР за заканите по живот кон Џабир Дерала

    0
    40
    Земјата MK
    Име и презиме Џабир Дерала
    Пол Mашки
    Датум 25/12/2023
    Градот Скопје
    Вид на напад Закани по животот и екстремитетите на новинарите
    Од кого Од страна на граѓанин
    Сторителот / осомничениот Александар Антиќ
    Тип на медиум Онлајн
    Име на медиумот ЦИВИЛ МЕДИА
    Извор https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d1%81%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b0-%d0%b4%d0%be-%d0%bc%d0%b2%d1%80-%d0%b7%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bf%d0%be-%d0%b6%d0%b8%d0%b2/
    Државното правобранителство /
    Судска одлука /
    Судски статус /
    Дали здружението на новинари било информирано? Да
    Каква беше реакцијата на новинарското здружение? Јавна осуда и поднесена пријава до сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР
    Дали нападот е пријавен во полиција/власти? Случајот беше пријавен во полиција
    Закани по животот и безбедноста на новинарите Онлајн закани по живот или физички напад (социјални мрежи или емаил)

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) поднесе пријава до надлежниот сектор на Министерството за внатрешни работи (МВР) во врска со директна закана по живот кон основачот на Цивил медиа, Џабир Дерала.

    Пријавата следи по директната закана кон колегата Дерала во форма на коментар на негова објавена колумна на официјалната Фејсбук страница на „Нова ТВ веб“ каде што профил со име Александар Антиќ напишал коментар: „Биди видлив гнидо, куршумот кај и да е ќе те стигне“.

    ЗНМ стапи во комуникација со контакт лицето во МВР задолжено за напади врз новинари, каде што го пријави случајот, а пријавата е истовремено адресирана и до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР.

    Укажуваме дека заканите по живот се кривични дела опфатени во Кривичниот законик за што е предвидена затворска казна за сторителите, а МВР и ОЈО, треба веднаш да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот, но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина.

    Потсетуваме дека за случаи каде што има експлицитни закани по безбедноста на новинарите и медиумските работници ЗНМ и МВР имаат протокол за соработка каде што се дефинирани практичните чекори како новинарите да постапат кога ќе бидат предмет на закана преку социјалните мрежи и, воопшто на интернет, преку проактивна вклученост на МВР во заштита на медиумските работници.