СКОПЈЕ, 21.10.2016 Здружението на новинарите на Македонија остро го осудува физичкиот
напад врз новинарот на телевизија Телма Павле Беловски, кој вчеравечер
пред Министерството за внатрешни работи беше нападнат со тупаници и
клоци од лице со криминално досие, додека известувал за увидот на
Специјалното јавно обвинителство во Управата за безбедност и
контраразузнавање за аферата за прислушување.
Нападот на новинарот Беловски е смислен атак врз слободата на
медиумите оркестриран од одредени структури на МВР, кои сакаат да ги
одвратат новинарите да известуваат за нивните опструкции на истрагата
на СЈО.
Дали инспираторите на синоќешниот напад се истите структури на МВР кои
во исто време прават опструкции врз истрагата на СЈО во УБК и дали
истите структури стојат зад досегашните нерасветлени напади врз
новинари? Јалови се обидите преку напади и заплашување на новиари да
се попречи и избегне правдата.
Го поздравуваме брзото приведување на насилникот и бараме од МВР
случајот да се расветли до крај и да поднесе кривични пријави против
насилникот и неговите инспиратори.
Го посетуваме министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека
помина една година откако даде јавно ветување дека ќе работи на
расветлување на сите напади против новинари. ЗНМ досега има
регистрирано 35 напади против ноцвинари. Ниеден од нив не е расветлен,
ниту пак некој од насилниците е казнет.
Управен Одбор на ЗНМ
Скопје,
21 Октомври, 2016
Фото извор: ТЕЛМА