Регионалната платформа: Брзата реакција на српската полиција претставува добар знак

Регионалната платформа: Брзата реакција на српската полиција претставува добар знак

БЕЛГРАД, 23.04.2018 – Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, која застапува повеќе од 8000 членови, остро го осудува физичкиот напад врз камерманот Владета Урошевиќ и новинарот Данило Машојевиќ од ТВ Прва во Србија. Воедно, ја поздравува и брзата реакција на српската полиција која го уапси осомничениот брзо откако се случил нападот.

Машојевиќ и Урошевиќ планирале да снимат интервју со градоначалникот на Лесковац. Сепак, во моментот кога пристигнувале на договореното место за снимање, непознат човек почнал да вика и да ги навредува од кафе барот кој се наоѓал во близина. Човекот го употребил и својот автомобил за да го блокира возилото на ТВ Прва. Во моментот кога новинарската екипа започнала да ја вади опремата од автомобилот, насилникот го нападнал камерманот Урошевиќ, предизвикувајќи му повреди во пределот на главата.

Инцидентот бил пријавен во полиција, а само неколку часа подоцна осомничениот бил приведен.

Регистарот на напади на неазвисното новинарското здружение од Србија покажува дека ова е втор напад врз новинари во 2018 година, додека бројот на вербални напади кон новинарите е значително поголем и тој изнесува 29. „И покрај брзата реакција на полицијата во овој случај, повторно предупредуваме дека големиот број на напади и закани кон новинарите се резултат на политиката на неказнивост“, истакна претседателот на Независното здружението на новинарите на Србија, Славиша Лекиќ и додаде – „Власта и нејзините претставници не испраќаат јасна порака до јавноста дека секаков вид на напади врз новинарите, кој се случува поради нивната работа е целосно неприфатлив“.

Регионалната Платформа го поддржува Независното здружение на новинари на Србија во неговите напори да ги заштити новинарите и слободата на говорот и ги повикува меѓународните институции да извршат дополнителен притисок врз властите во Србија да покажат целосна заложба за ставање крај на неказнивоста во оваа земја, да ја осигураат безбедноста на новинарите и да ја почитуваат слободата на изразување и медиумите.

Секој напад врз новинарите претставува напад на јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Skopje – Belgrade – Podgorica – Prishtina – Sarajevo – Zagreb, 23.04.2018. 

BH Journalists Association
Trade Union of Media of Montenegro
Croatian Journalists’ Association
Association of Journalists of Kosovo
Association o.f Journalists of Macedonia
Independent Journalists Association Serbia