ПОДГОРИЦА, 05.04.2018. – Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, која застапува повеќе од 8000 членови, ја поздравува брзата реакција на Црногорската полиција, која идентификуваше и уапси двајца осомничени за поставување на експлозивна направа на автомобил во близина на куќата на новинарот Сеад Садиковиќ во Бијело Поље.
Инцидентот се случил на 1 април околу полноќ кога, според претпоставките, Илхан и Хилмо Пепиќ од Рожаје фрлиле експлозивна направа под автомобил кој не му припаѓал на новинарот или неговото семејство, но бил паркиран пред куќата на Садиковиќ. Според полицијата, мотивот за нападот бил телевизиски извештај за приватниот музеј на Пепиќ во Рожаје, кој новинарот Садиковиќ го објавил во телевизиското шоу „Без граници“ на телевизија Вијести.
“Ја поздравуваме акцијата на полицијата и фактот дека обвинителството одреди 30 дена притвор за Илхан и Хилмо Пепиќ, но истовремено потсетуваме дека овие две институции не сториле ништо кога Садиковиќ претходно во неколку наврати пријавувал разни закани. Заканите започнале во декември 2017 година, кога бил емитуван телевизискиот прилог, а доколку институциите биле поефикасни, до овој инцидент веројатно немало воопште да дојде. Исто така, ефикасноста на членовите на Управата на полицијата покажала дека – кога сакаат, можат да ги откријат и напаѓачите и мотивите, што не беше случај во многу претходни случаи на напади врз новинари кои до денес остануваат нерешени“, рече претседателот на Синдикатот на медиумите на Црна Гора, Маријана Чамовиќ.
Регионалната платформа го осудува секој напад врз новинарите, кој се случува поради нивната работата и потсетува дека нападите и заканите врз новинарите се директен напад врз слободата на изразување и правото на граѓаните да бидат информирани.
Секој напад на новинар, претставува напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.
Од почетокот на 2018 година, Синдикатот на медиумите на Црна Гора регистрираше два напади врз новинари, вклучувајќи ги тука еден случај на закани кон новинар и еден случај каде беше уништена сопственоста на друг новинар.
Skopje – Belgrade – Podgorica – Prishtina – Sarajevo – Zagreb, 05.04.2018.
BH Journalists Association
Trade Union of Media of Montenegro
Croatian Journalists’ Association
Association of Journalists of Kosovo
Association of Journalists of Macedonia
Independent Journalists Association Serbia