ЗАДАР, 28.06.2018. – Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите која претставува повеќе од 8000 членови, остро го осудува бруталниот физички напад врз новинарот Хрвоје Бајло, кој е сопственик на веб порталот Zadar News, а работи и како коресподент во националниот медиум Index.hr.
Хрвоје Бајло бил нападнат од поранешниот фудбалер на ФК Задар, а денес познат бизнисмен Јаков Сурач. Нападот се случил на 24 јуни, 2018 година поради тоа што новинарот истражувал за начинот на кој раководен градот Задар, а успеал да документира и поврзаност меѓу политичката, спортската и бизнис елитата во истиот град.
Според извештајот на Бајло, на физичкиот напад му претходеле навреди кои биле упатени до него. Напаѓачот дури се заканил дека ќе му ја отсече главата на новинарот бидејќи тој пишувал за неговите пријатели Здравко Ливаковиќ, Божидар Калмета и ХДЗ. По упатените навреди, напаѓачот започнал да го удира новинарот по главата и телото, потоа Бајло бил фрлен на земја и бил тепан се додека не изгубил свест. Во болницата во Задар на новинарот Бајло, му била дијагностицирана скршеница на десната рака и му биле констатирани тешки повреди во пределот на главата и телото.
Во претходните години до новинарот Хрвоје Бајло биле упатувани закани и навреди поради неговата бескомпромисна работа. Иако сите овие закани биле пријавени во полиција, ниту една од нив немала разрешница.
На 26-ти јуни Сурач бил ослободен од притвор од страна на судот во Задар. Во судскиот налог потпишан од страна на Хрвоје Висковиќ, истражен судија задолжен за случајот, се наведува дека условите за притвор постојат поради “конкретни околности според кои осомничениот може да го повтори делото”. Сепак, наместо тоа, на напаѓачот му биле препишани поблаги мерки на претпазливост – наредба за ограничување и забрана за контакт. Судијата Висковиќ изјави за хрватската новинска агенција ХИНА дека, според него, “нема опасност да се повтори делото”.
Платформата ги повикува полицијата и правосудните институции да преземат решителни дејствија. Исто така, Платоформата ги повикува највисоките претставници на администрацијата остро да ги осудат заканите и нападите врз новинарите. Со тишината и рационализацијата на нападите, највисоките државни институции застануваат на страната на напаѓачите наспроти основните права на новинарите и слободата на говорот, а со тоа само ја поттикнуваат атмосферата на страв и насилство во општеството.
Нападите и заканите кон новинарите претставуваат директен напад врз слободата на изразувањето и правото на граѓаните да бидат информирани. Секој напад врз новинар претставува напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на граѓаните.
Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 28.06.2018.
BH Journalists Association
Trade Union of Media of Montenegro
Croatian Journalists’ Association
Association of Journalists of Kosovo
Association o.f Journalists of Macedonia
Independent Journalists Association Serbia