Регионалната платформа реагира за дискредитирањето на „Газета експрес“ во соопштението на ПДК

Регионалната платформа реагира за дискредитирањето на „Газета експрес“ во соопштението на ПДК

ПРИШТИНА, 27.08.2019 – Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, која застапува повеќе од 8000 членови, ги осудува вербалните напади на Демократската партија од Косово врз Газета Експрес. Јавниот повик „Не верувајте во лажните вести на Газета Експрес“ претставува флагрантно мешање во уредувачката политика на медиумиот.

Оваа политичка партија и натаму продолжува да се служи со деградирање, и покрај тоа што вели дека ги почитува медиумите и слободата на изразувањето, сепак ги повикува граѓаните на Косово со сомнеж да гледаат на вестите кои ги објавува Газета Експрес, ословувајќи ги како „лажни“, вестите кои се објавуваат во овој медиум.

„Оваа веб страница веќе тргна во мисијата со јасна цел – да и наштети на партијата ПДК. Затоа ги повикуваме сите граѓани на Косово, да ги земат со резерва објавените вести во Газета Експрес“, напишаа во соопштението.

Регионалната платформа изразува загриженост поради фактот што една сериозна политичката партија се служи со вакви дисквалификации кон медиумите и сметаме дека тоа претставува директен притисок врз уредувачката политика на медиумот.

Ова не е прв пат ПДК да врши непотребен притисок врз уредувачката политика на овој медиум. Здружението на новинарите на Косово, реагираше и на 3-ти мај, кога шефот на политикчката партија Кадри Весели, го повика и изврши притисок врз Леонард Керќуки, главниот и одговорен уредник на Газета Експрес.

Регионалната платформа ја повикува ПДК да се дистанцира од таквиот јазик, што влијае врз професионалниот интегритет на новинарите, а истовремено ја повикаме ПДК јавно да се извини.

Секој напад врз новинарите претставува напад на јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

BH Journalists Association
Trade Union of Media of Montenegro
Croatian Journalists’ Association
Association of Journalists of Kosovo
Association of Journalists of Macedonia
Independent Journalist Association of Serbia

Регионална Платформа за застапување на слободата на медиумите и новинарската безбедност: Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб

27.08.2019