САРАЕВО, 23.08.2018 – Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите која претставува повеќе од 8000 членови, остро го осудува бруталниот напад врз новинарската екипа на БХРТ, кој се случи на 20-ти август во Коњиц.
Екипата се враќаше од задача во Широки Брег, кога група од приближно петнаесет маскирани лица пријдоа до возилото на БХРТ и ги нападнаа новинарите и медиумските работници кои се наоѓаа во возилото. Возачот беше сериозно повреден, а беше предизвикана и значителна материјална штета.
Околностите на овој напад, јасно укажуваат дека насилството врз медиумите во БиХ доби нова заканувачка форма, во која маскирани улични групи не се двоумат да предизвикаат еден од најтешките форми на напади врз човековото достоинство и слободата на медиумите. Бруталниот напад врз нашите колеги од БХРТ не претставува изненадување, бидејќи заканите упатени кон новинарите на улица или преку социјални мрежи станаа секојдневие.
Управниот комитет на БХЈА смета дека зад овој напад постојат политички мотиви. “Се плашиме дека нападите ќе станат почести и побрутални, како што се приближуваме кон започнувањето официјалната предизборна кампања. Нападот на маскираната група врз колегите од БХРТ исто така е последица на недоволно енергичните мерки кои ги преземаат властите и судските институции … “
Ги повикуваме релевантните полициски и судски органи да ги идентификуваат и санкционираат напаѓачите што е можно поскоро. Во спротивно, стравуваме дека улицата, под покровителство на политиката, ќе го преземе целосно уредувањето на медиумските програми, а новинарските слободи ќе станат обична илузија.
Според БХЈА ова е четврти регистриран физички напад врз новинарите во БиХ.
Секој напад врз новинарите е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.
Скопје-Белград-Подгорица-Приштина-Сараево-Загреб, 23.08.2018.
BH Journalists Association
Trade Union of Media of Montenegro
Croatian Journalists’ Association
Association of Journalists of Kosovo
Association of Journalists of Macedonia
Independent Journalists Association of Serbia