Регионална платформа: Нападите врз новинарите мора да прекинат

Регионална платформа: Нападите врз новинарите мора да прекинат

БАЊА ЛУКА, 27.08.2018 – Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите која претставува повеќе од 8000 членови, остро го осудува бруталниот напад врз новинарот и дописник на БН ТВ Владимир Ковачевиќ.

Вчера, на 26-ти Август две маскирани лица го чекале Ковачевиќ пред влезот на неговата зграда и го нападнале со метални шипки нанесувајќи му тешки телесни повреди.

Зачудени сме од начинот на кој бил извршен нападот, сметаме дека тој бил организиран и добро испланиран, а негова главна цел била загрозување на животот на новинарот Ковачевиќ, како и да се запре неговата професионална работа во БН ТВ.

Ја изразуваме нашата најдлабока загриженост поради фактот дека Ковачевиќ бил нападнат кратко време откако ги испратил своите извештаи од градот – по демонстрациите одржани во Бања Лука, каде што групата “Правда за Давид” (група на граѓани кои се бореле да ја откријат вистината за убиство на младиот студент од Бања Лука, Давид Драгичевиќ) секојдневно се собира и протестира. Овој напад следува по серијата вербални напади и политички притисоци врз новинарите од БН ТВ, упатени од страна на Претседателот на Република Српска, Милорад Додик и другите функционери блиски до него.

Ова е петти напад врз новинари во БиХ оваа година.

Бараме од Министерството за внатрешни работи на Република Српска итно и професионално да го истражи нападот врз Владимир Ковачевиќ, како и да ја информира јавноста за околностите за овој предмет што е можно поскоро и да ги казни сторителите според законите на Републиката Српска и БиХ.

Секој напад врз новинарите е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Скопје-Белград-Подгорица-Приштина-Сараево-Загреб, 27.08.2018.

BH Journalists Association

Trade Union of Media of Montenegro

Croatian Journalists’ Association

Association of Journalists of Kosovo

Association of Journalists of Macedonia

Independent Journalists Association of Serbia