Регионалната платформа: Итно да се истражат нападите врз новинарите што се случија за време на протестите во Сараево

Регионалната платформа: Итно да се истражат нападите врз новинарите што се случија за време на протестите во Сараево

САРАЕВО, 27.07.2018. – Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите која претставува повеќе од 8000 членови, остро ги осудува физичките напади врз новинарите на Klix.ba и Al Jazeera Balkans кои се случија за време на протестот на демобилизираните поранешни воени борци, што се одржа на 26-ти јули во Сараево.   

Еден од демонстрантите, Есма Туруља, го нападна репортерот со метална шипка, по што новинарот претрпел помали физички повреди. Она што особено загрижува е што по нападот таа го пофали нејзиниот примитивен чин, повикувајќи и други новинари од други медиумски куќи со кои таа исто така имала намера да се “пресмета”. Новинар од Al Jazeera Balkans, исто така, бил нападнат, откако се обидел да го спречи нападот врз неговиот колега од Klix.ba.

Еден ден по демонстрациите, на 27 јули, порталот Klix.ba добил закани и навреди преку телефон од непознат маж кој се претставил како еден од демонстрантите.

Како што изјави Борка Рудиќ, генералниот секретар на Здружението на новинарите на БиХ (БХЈА): “Новинарското здружение на БиХ остро го осудува овој напад. Јасно е дека ова беше планиран напад врз новинарите, со цел да се запре известувањето за настаните од протестите. Затоа бараме итна и ефикасна истрага за нападите и да биде испратена јасна порака до сите други демонстранти, но исто така и до граѓаните на БиХ дека насилството врз новинарите е кривично дело што ќе биде санкционирано во согласност со постојните закони”.

Регионалната платформа ги поддржува напорите на БХЈА во заштита на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во БиХ. Исто така, потсетуваме дека од почетокот на оваа година ова е четврти регистриран физички напад врз новинарите во Босна и Херцеговина.

Покрај тоа што претставуваат кривично дело и ја нарушуваат слободата на медиумите во едно демократско општество, овие напади влијаат и врз професионалното информирање на јавноста за протестите, како и за барањата за заштита на правата на демобилизираните поранешни воени борци на Федерацијата на БиХ.

БХЈА ги повикува здруженијата и организациите на демобилизираните воени борци да го осудат и да го спречат насилството врз новинарите кои известуваат од нивните протести и да овозможат безбедно и професионално известување.

Секој напад врз новинарите е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Скопје-Белград-Подгорица-Приштина-Сараево-Загреб, 27.07.2018.

BH Journalists Association

Trade Union of Media of Montenegro

Croatian Journalists’ Association

Association of Journalists of Kosovo

Association of Journalists of Macedonia

Independent Journalists Association of Serbia