СЈ: Вербални и физички напади врз новинари на протест во Хрватска

    0
    169
    photo: canva

    За време на протестот организиран против владата на Андреј Пленковиќ и ХДЗ во Хрватска, демонстрантите вербално и физички нападнаа неколку новинари кои известуваа од местото на настанот.

    На 10 септември 2022 година, иницијативата „Слободно заедно“ одржа протест на плоштадот „Жртви на фашизмот“ во Загреб под слоганот „Ве отпуштаме“. Протестот организиран поради грабежот во ИНА беше насочен против владата на Андреј Пленковиќ и ХДЗ. Демонстрантите побараа оставка на Владата и распишување предвремени избори во рок од 90 дена и сите референдуми кои досега не се распишани. Но, на почетокот на протестот демонстрантите вербално и физички ги нападнаа новинарите кои известуваа од таму. Најпрвин вербално беше нападната новинарката на ХТВ и претседателка на Европската федерација на новинари, Маја Север, а потоа новинарката на Вечерњи лист, Божена Матијевиќ и новинарот на ТВ каналот Вида, Бојани Губерац, беа навредувани од еден од демонстрантите грубо ја турна раката во која новинарот го држеше микрофон. Еден од учесниците го навреди и неодамна починатиот новинар Владимир Матианиќ.

    Маја Север, новинарка на ХТВ и претседател на Европската федерација на новинари, се осврна на вчерашниот настан. „Како новинар на задача за емисијата ,,Во недела во 14 часот”, бев сведок и бев меѓу групата новинари кои беа вербално нападнати од група демонстранти. За време на собирот, неколку демонстранти упатија низа навреди и обвинувања кон новинарите. За жал, овие ситуации станаа дел од нашата секојдневна работа. Вчерашните настани покажаа дека мора да воспоставиме систем на безбедна работа на новинарите, кој ќе вклучува проценка на ризикот, заштита и поддршка по напад“, нагласува Север.

    Здружението на новинари на Хрватска (ХНД) најостро ги осудува вербалните и физичките напади врз колегите кои известуваа за протестот, а здружението не потсетува дека новинарството е јавно добро и дека задачата на новинарот е да ја информира јавноста за се што се случува во општеството, а таквите притисоци ја отежнуваат работата на терен. „Ова е загрижувачки и за осуда. Луѓето кои наводно се борат за слобода би ја ускратиле истата слобода на нашите колеги кои си ја вршат работата. Повторувам, се случува она за што долго време предупредува ХНД, а тоа е создавање страшна и негативна клима и амбиент за новинарите. Затоа очекуваме надлежните да реагираат и конечно да почнат да ги казнуваат ваквите лица. Едноставно не можете да се борите за својата слобода и да ја одземете на некој друг. Бараме на нашите колеги да им се дозволи да ја вршат својата работа во мир и безбедност. Знам дека меѓу овие луѓе некои би сакале да затвораат и прогонуваат новинари, но можам да им кажам дека никогаш нема да успеат и дека никогаш нема да ги скршат новинарите кои си ја вршат работата. Затоа ја испраќам мојата целосна поддршка на сите мои колеги кои известуваат, а на напаѓачите им порачувам дека се само кукавици“, рече Хрвоје Зовко, претседател на Здружението на новинарите на Хрватска.

    Мрежата SafeJournalist, која застапува над 8.200 медиумски работници во Западен Балкан, се придружува на Здружението на новинари на Хрватска во осуда на заканите и физичките напади што ги добиваа новинарите кои ја вршеа својата работа и ги повикува надлежните институции во Хрватска брзо да ги пронајдат и санкционираат лица одговорни за вербалните и физичките напади врз лица кои вршат работи од јавен интерес.

     

    Мрежата SafeJournalists ќе ги информира релевантните национални и меѓународни чинители за овие случаи.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

     

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб – Тирана, 11 септември 2022 г.

     

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора