ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ПРОГРАМАТА ЗА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО И МЕДИУМСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО СКЛОП НА ПРОЕКТОТ „Мрежа SafeJournalists“
Мрежата SafeJournalists објавува повик за апликации во рамки на програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумските организации.
Општата цел на повикот е да се подобри пристапот до правата на новинарите (со фокус на локалните новинари и жените) преку зајакнување на вештините и знаењата на локалните теренски (grassroot) организации за откривање и пријавување прекршувања на правата на новинарите.
Специфичната цел на повикот е да се информираат и едуцираат локалните новинари за своите права и механизмите за нивно остварување.
За повеќе информации за повикот и условите за аплицирање, преземете го упатството тука.
Формуларот за аплицирање за Фазата 1 може да се преземе тука.
Апликацијата и потребните документи треба да се достават во електронска форма (Word и PDF формат) на следнава е-пошта: [email protected] со наслов: „Име на организацијата/медиумот_ Програма за поддршка „Мрежа SafeJournalists “.
Крајниот рок за поднесување на формуларот за апликација на локалниот јазик и документацијата за Фаза 1 е 20 декември 2024 година до 23:59 часот по средноевропско време.