ЗНМ се солидаризира со турските новинари и медиуми

ЗНМ се солидаризира со турските новинари и медиуми

СКОПЈЕ 29.07.2016 ЗHM се приклучи кон иницијативата на Меѓународната федерација на новинари (МФН) и Европската федерација на новинари (ЕФН) против бранот на напади врз слободата на медиумите и човекови права во Турција.

ЗНМ денеска упати писмо до турскиот амбасадор во Скопје, Н.Е. Умур Шелендир, во кое изразува длабока загриженост за масовното затварање на медиуми и апсење на новинари, кое се случува во Турција, по обидот за воен удар. Во писмото, престедателот на ЗНМ, Насер Селмани ја повикува турската влада да се воздржи од нови напади на медиуми и новинари.

„Веруваме дека вонредната состојба не треба да се користи како изговор за чистка во медиумите, како и во другите делови на општеството. Цензура на медиумите заради критики насочени кон владината политика е незаконска, дури и во вонредна состојба“, се вели во писмото.

ЗНМ, и сите членки на МФН и ЕФН ги повикуваат турските власти да ги почитуваат меѓународните конвенции за човековите права, социјалните права  и слободата на говорот. „Ве охрабруваме да ја негувате културата каде во целост се почитува слобдата на печатот“, се истакнува во писмото.

На овој линк можете да ги најдете имињата на затворените новинари и сопственици на медиуми.

Во име на заштита на слободата и демократијата во Турција Ве повикуваме да ја потпишете петецијата објавена од Аменсети интернешнл.