Новинарките од првите редови – онлајн изложба

    0
    166

    По повод Меѓународниот ден на жената, SafeJournalists мрежата на медиумски здруженија и синдикати од Западен Балкан, ја започнува кампањата „Новинарките од првите редови“ (women.safejournalists.net) со цел да се сврти вниманието кон положбата на жената во новинарството и нивната изложеност на напади и закани.

    Од 2016 година, повеќе од 1.650 случаи на напади и закани врз новинари и други медиумски работници се регистрирани во базата на податоци на мрежата SafeJournalists. Од година во година, бројот на закани и напади насочени кон новинарките и медиумските работници бележи тренд на зголемување.

    Токму затоа мрежата SafeJournalists одлучи да започне кампања која вклучува онлајн изложба со лични приказни на четиринаесет новинарки од земјите на Западен Балкан кои биле дискриминирани, биле под притисок, закани, па дури и жртви на физички напади.

    Од прва рака учиме за мотивациите, изворите на сила и главните двигатели на оние кои ги бранат демократските вредности преку правото на јавноста да знае. Се надеваме дека приказните на новинарките ќе им дадат сила и мотив на другите професионалци да продолжат да ја работат работата што ја сакаат.

    Мрежата SafeJournalists ќе остане посветена на следење, анализирање и известување за прекршување на правата на новинарките со цел да се заштити нивната безбедност.

    Посетете ја изложбата „Новинарките од првите редови“: https://women.safejournalists.net/

    #WomenInJournalism