Парламентот со еден потег може да ја загрози слободата на медиумите во Албанија

    0
    301

    Собранискиот комитет за образование и медиуми на состанокот на 24.05.2021 година, по завршувањето на 5-годишниот мандат на три члена и оставката на еден член на органот за аудиовизуелни медиуми (врз основа на член 9, точка 2 од законот) бр. 97/2013 година „За Аудиовизуелните Медиуми во Република Албанија“ изменет) донесе одлука за повторно објавување на четири слободни работни места за членови во органот за аудиовизуелни медиуми.

    Членовите на органот за аудиовизуелни медиуми, законски мора да бидат непартиски и политички независни, додека пак законските формули за нивниот избор им дадоа право на парламентарните мнозинства и опозиции да предлагаат или одбиваат кандидати кои гарантираат различност во составот на одбори со претставници на разни парламентарни партии. Обидот да се пополнат испразнетите места во одборот на органот за Аудиовизуелните медиуми во Република Албанија ќе се изврши со поддршка на сегашната „парламентарна опозиција“, што е само формално спротивставување.

    Имајќи ја во предвид оваа позадина, пополнувањето на испразнетите места на клучните независни институции како што е органот за Аудиовизуелниот медиуми, ризикува да го стави под контрола на владејачката партија, за кој се претпоставува дека е независен, во третиот мандат на власт.

    Колорето Чукали, шеф на албанскиот Совет за медиуми, за БИРН изјави дека очигледното брзање да се пополнат испразнетите места изгледа како да се земе моќ и да се измери влијанието и кредибилитетот на одборот.

    „Таквите институции треба да бидат независни, а не како што беа досега, меѓупартиски одбори, ако сегашниот парламент ги избере сите (членови на одборот), угледот на ,,АМА” ќе биде нарушен уште повеќе“, рече тој.

    Ова не е прв пат владејачката партија да се обиде да донесе легислатива за ограничување на независноста на медиумите. Мрежата на „SafeJournalists“ реагираше во други прилики во 2020 и 2021 година за таканаречениот пакет „против клевета“ и другите предложени измени на законот за медиуми. „Немаше транспарентност околу сегашната форма или статус на законот и тој сè уште е на дневниот ред на парламентот и не е официјално повлечен“, рече Алис Тејлор од „Еxit News“.

    Блерјана Бино, истражувач на мрежата „SafeJournalists“ посочува дека три од четири членови на управниот одбор на ,,АМА” се испразнети повеќе од една година, така што обидот набрзина да се пополнат овие места во рамките на сегашниот парламент кој што има ограничен легитимитет и нема фактичко спротивставување, е јасен показател дека Владата бара поголема контрола врз независните институции и медиумите.

    „Албанија веќе претрпе тешка година во однос на независноста на медиумите, и ова е уште еден удар. По парламентарните избори на 25 април 2021 година, опозицијата (Социјалистичко движење за интеграција и Демократска партија на Албанија) ќе се врати во Парламентот и затоа ќе биде најпогодно за новиот парламент да гласа и да ги одобри слободните места на органот за Аудиовизуелни медиуми “, изјави таа.

    Мрежата на „SafeJournalists“, претставувајќи повеќе од 8.200 професионални медиуми во Западен Балкан, се солидаризира со колегите од Албанија и изразува загриженост за ваквото однесување на владините службеници што може да ја загрози слободата на медиумите. Ги повикуваме Владата и Парламентот да го одложат пополнувањето на испразнетите места откако новиот парламент ќе ја започне својата работа во септември 2021 година да обезбеди зачувување на независноста на клучните институции како што се органот за Аудиовизуелни Медиуми.

    Мрежата на „SafeJournalists“ ќе ги информира сите релевантни национални и меѓународни чинители за двата случаи.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 26.05.2021 година

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на независни новинари на Србија

    Синдикат на медиуми на Црна Гора

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БХ

    Здружение на хрватски новинари