Српскиот новинар Дашко Милиновиќ нападнат со метални шипки

    0
    319

    Вчера, утрото околу 6 часот и 45 минути во Нови Сад две млади лица го нападнале Дашко Милиновиќ, новинар и радио водител на сатиричната емисија „Даско и Млаѓа“, додека тој одел на работа, и му нанеле полесни телесни повреди.
    На 16-ти април, според досега познатите информации, напаѓачите првично го испрскале со солзавец, и најверојатно се обиделе да го удрат со шипка во главата, сепак, новинарот успеал да го покрие лицето со раката, па тој успеа да го ублажи исходот од нападот. Напаѓачите потоа избегале. Милиновиќ има полесни телесни повреди и моментално е во Ургентниот центар. Полицијата и обвинителството постапија итно во врска со овој настан.
    “Тоа е напад на фашистички активисти врз антифашист, во овој случај нападот беше врз антифашистички новинар. Ме нападнаа на патот кон работа, но за среќа нападот беше прилично невешт и нем. Забележав дека ме следеше пред некој ден, и кога ги видов како ми приоѓаат, успеав да заземам дефанзивна позиција “, вели Дашко за мрежата ,,SafeJournalists”.
    Тој додаде дека „мора да продолжиме да се бориме без страв за општеството во кое луѓето нема да бидат претепани од политички причини“.
    Даско често беше мета на разни напади, но ова е првпат да доживее ваков директен напад.
    Жељко Бодрожиќ, претседател на Здружението на независни новинари на Србија, рече дека „нападот врз нашиот колега Дашко Милиновиќ покажува колку е затруено нашето општество и колкумина сметаат дека насилството е единствено решение за проблемите“.
    „Нападот врз него е исто така црвен аларм дека нашата професија е на работ на гилотина, која почнува да зависи од милоста и немилоста на џелатите. Се разбира, за пофалба е што Обвинителството и полицијата реагираа брзо , но тоа е нивна работа. Долготрајната репресија, угнетување и таргетирање на новинарите успеаја да не дехуманизираат, и сега секој хулиган се чувствува насилно кон нашите колеги. Би сакал да бидам оптимист, па да кажам дека вакво нешто не смее да се случи повторно, но се плашам дека би се лажел себеси и другите “, рече тој.
    Здружението на независни новинари на Србија (НУНС) остро го осуди овој брутален напад. Тие во изјавата рекоа дека се чувствуваат вознемирени за безбедноста на новинарот, бидејќи во овој случај станува збор за организиран напад. Тие исто така рекоа дека овој вид напад потсетува на порано брутални подвизи од мрачното минато кон членовите на новинарската професија.
    Само во оваа година, НУНС има забележано 35 случаи во својата База на податоци за напади и притисоци, вклучувајќи го и овој, додека во претходната година имало 189 случаи, односно 32 случаи на физички напади.
    Мрежата на „SafeJournalists“, која претставува повеќе од 8.200 професионални медиуми во Западен Балкан, му се придружува на својот член НУНС во осуда на бруталниот напад врз Даско и потсетува дека Србија има долга историја на нерешени случаи на напади врз новинари. Загрижувачки е што српското општество тоне сè подлабоко во поделби што доведуваат до такви последици.
    Иако полицијата и обвинителството реагираа брзо, што е за пофалба, мрежата на „SafeJournalists“ очекува да бидат пронајдени сторителите на ова злосторство, како и нивната можна страна за инструкции.
    Мрежата на безбедни новинари ќе ги информира релевантните национални и меѓународни чинители за овие случаи.
    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 16.04.2021 година

    Здружение на новинари на Македонија
    Здружение на новинари на Косово
    Здружение на новинари на БиХ
    Здружение на хрватски новинари
    Здружение на независни новинари на Србија
    Синдикат на медиуми на Црна Гора