СЈ: Координирани сајбер-напади врз неколку онлајн медиуми во Албанија во претходните три дена

    0
    400

    Некои онлајн медиуми во Албанија (dosja.al / syri.net / faktor.al / SportExpress / Lapsi.al / и други) пријавија сајбер-напади почнувајќи од понеделник на 24 јануари 2022 година, како што се: прекин на веб-функционалноста, прекин на серверите и други проблеми со нивното дигитално секојдневно функционирање. Во својата реакција тие тврдат дека овие сајбер-напади наводно се нарачани од градоначалникот Ерион Велиај. Овие медиуми објавија аудио снимка на која Велиај користи закани и непристојни зборови за да го избере неговиот човек за шеф на фудбалското раководно тело на земјата. Тие тврдат дека овие сајбер-напади се поврзани со нивните постојани критики кон Владата и градоначалникот Велиај. Досега градоначалникот Велиај прифати дека аудиоснимката е автентична, но не се изјасни за сајбер-нападите.

    Мрежата ,,SafeJournalists” на 27 јануари ги повика координаторите за пристап до информации на Обвинителството и Директоратот на полицијата во Албанија да дознаат дали е покрената истрага, но досега не беа дадени одговори од страна на надлежните органи.

    Блерјана Бино, истражувач на ,,SafeJournalists” мрежата во Албанија, изјави дека „Дигиталната безбедност на онлајн медиумските портали и нивниот персонал е од клучно значење. Важно е медиумите да ги пријават овие напади до властите, кои од друга страна мора да обезбедат соодветна истрага и транспарентност. Исто така, важно е да се развијат капацитетите и инфраструктурата на медиумите во однос на дигиталната безбедност“.

    Мрежата ,,SafeJournalists”, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, е  загрижена за тие напади кои се чини дека се многу добро координирани. Ги повикуваме надлежните органи да иницираат брза и сеопфатна истрага за сите напади што се случија во претходните неколку дена. Од особена важност е да се истражи кој стои зад овие напади и евентуално да се отстрани сомнежот дека медиумите во моментов го упатуваат градоначалникот Ерион Велиај. Очекуваме целосна транспарентност на истрагата и следење во однос на конкретните мерки што треба да се преземат.

    Мрежата ,,SafeJournalists” ќе ги информира сите релевантни национални и меѓународни чинители за овој случај.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 27.01.2022

     

    Здружение на новинарите на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружението на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора