СЈ: Полицаец физички нападнал албански новинари во Тирана

    0
    273
    Foto: Pixabay

    Познатата истражувачка новинарка, г-ѓа Анила Хоџа (Top Channel) и нејзиниот колега Ендрит Ага од екипата на ТВ A2CNN на 06 ноември 2021 беа физички нападнати од страна на полициски службеник додека известувале за убиство во предградие на Тирана, во близина на планината Дајти.

    Полицаец се обидел да ги турне на работ од бездната, чин кој може да ги доведе во опасност и нивните животи со оглед на тешкиот терен. Инцидентот веднаш бил пријавен кај властите. Подоцна истиот ден, од Службата за внатрешни работи и жалби на МВР на Албанија потврдија дека извршиле увид во врска со насилството извршено од страна на полициски службеник врз новинарката на (Top Channel) Анила Хоџа и телевизиската екипа на A2CNN при известување за убиство. случај во областа Ќафе Мола. Реакцијата на полицијата била брза бидејќи подоцна во вечерните часови на 6 ноември, тиранската полиција соопшти дека полицаецот со иницијали Ш.Т. по инцидентот е суспендиран од должност.

    „Очекувам новинарите да бидат третирани со достоинство што го заслужуваат и секој случај на насилство врз новинарите да биде казнет“, рече Анила Хоџа.

    Блерјана Бино, истражувач на мрежата „SafeJournalists“ во Албанија, изјави дека „ваквото однесување на полицијата е неприфатливо и не смее да се толерира“.

    „Ова е уште еден физички напад врз новинари од страна на Државната полиција и е јасен показател за ограничената чувствителност на државната полиција во нивните постапки кон новинарите и медиумските работници. И покрај тоа што имаше брза реакција од надлежните за случајот, допрва ќе се види дали властите ќе продолжат со истрагата“, додаде таа.

    Мрежата ,,SafeJournalists”, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се солидаризира со колегите од Албанија и го осудува овој напад врз медиумските работници. Бараме соодветна истрага на случајот и транспарентност за резултатите од истрагата. Исто така, нашата мрежа сака јасна осуда на ваквото однесување од страна на полициските службеници и практикување на нулта толеранција кон нападите врз новинарите. Предлагаме унапредување на односите со медиумските организации и експерти за да се обучат и да се изградат капацитетите и свеста на полицајците за тоа како да комуницираат со новинарите, особено при покривање настани во живо.

    Мрежата ,,SafeJournalists” ќе ги информира сите релевантни национални и меѓународни чинители за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 8 ноември 2021 г.

     

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружението на новинари на БиХ

    Здружението на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора