Крај за неказнивоста: 380 напади врз новинари од 2014 година до денес

    0
    114

    Регионалната Платформа за застапување на слободата на медиумите и новинарската безбедност, која претставува повеќе од 7,800 членови, го одбележува Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста на злосторствата врз новинарите.

    Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 2 ноември за „Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста на злосторствата врз новинарите” во Резолуцијата на Генералното собрание. Овој датум беше избран во чест на двајца француски новинари кои беа убиени во Мали на 2 ноември 2013 година.

    Овој ден е симбол на силната посветеност на новинарите да ја донесат вистината пред очите на пошироката јавност и во исто време да ги потсетат националните институции дека се должни да обезбедат безбедна средина во која новинарите можат слободно да работат.

    Во изминатите единаесет години, според статистичките податоци на ОБСЕ, близу 930 новинари загинаа при известување и информирање на јавноста. Во просек, ова претставува една загинат новинар на секои четири дена. Во девет од десет случаи убијците остануваат неказнети. Неказнивоста доведува до повеќе убиства и често е симптом на влошување и распаѓање на законските и судските системи.

    Регионалната Платформа за застапување на слободата на медиумите и новинарската безбедност досега има регистрирано 380 случаи на напади врз новинари, а воедно многу мал дел од нив добиле правна разрешница.

    Регионалната платформа силно ги поддржува новинарските здруженија од регионот и нивните напори за заштита на новинарите и слободата на говорот. Платформата, исто така, ги повикува меѓународните организации кои се занимаваат со заштитата на слободата на печатот и правата на новинарите да ги поттикнат релевантните власти да ги истражат неодамнешните, но и другите случаи. Секој напад врз новинарите се смета за напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.