Неказнивоста и толеранцијата на насилството преку Интернет врз новинарите од страна на судството и полицијата на БиХ се неприфатливи

    0
    256

    Борка Рудиќ, генерален секретар на Здружението на новинари во БiХ и уште двајца новинари од Босна и Херцеговина, Никола Вучиќ и Амир Зукиќ (ТВ N1) беа цел на напади на социјалната мрежа Фејсбук преку профил со име Јасмин Мулахушиќ Спилберг.

     

    Јасмин Мулахушиќ објави на својата објава на профилот во која опишува еден од неговите бизарни соништа, и објаснува дека бил нападнат од змии, и како им ги сечел главите, и дека една од оние од неговиот сон е Борка Рудиќ. После тоа, истиот профил на Фeјсбук продолжува да објавува постови во кои ги таргетира новинарите Никола Вучиќ и Амир Зукиќ. Исто така, коментарите под овие објави се навредливи и заканувачки, вклучително и говор на омраза и споменување на нивната националност.

    Јасмин Мулахушиќ, кој живее во Луксембург, беше уапсен на границата помеѓу БиХ и Хрватска на почетокот на септември 2021 година. Освен за претходни закани до новинарите во БиХ и други јавни и политички личности, тој е обвинет за кривични дела за поттикнување национална, расна и верска омраза, раздор и нетолеранција. Судот во Босна и Херцеговина го ослободи и не определи никакви мерки за претпазливост.

    Минатата недела, мрежата ,,SafeJournalists” објави соопштение до медиумите во слична прилика, кога колегата Рудиќ и Лејла Турчило, професор на Универзитетот во Сараево, беа нападнати заедно од ист националистички и радикален круг и поединци.

    Директорот на мрежата „SafeJournalists“, Драган Секуловски, изјави: „Вербалните напади на поединци врз новинари, кои не беа изведени пред лицето на правдата се уште еден аргумент зошто е важно да се запре политиката на неказнивост. Со толерирање на таквите закани од страна на националните надлежни органи во БиХ, нападите се повторуваат со цел да се наметне цензура, да се замолчат критичките гласови и слободата на мислење, не само во новинарската заедница, туку и во босанското општество воопшто“.

    Секуловски нагласи дека „насилството врз сите наши колеги од БиХ е сериозна закана за повеќе од 8.000 новинари“, претставувани од мрежата „SafeJournalists“. „Ја изразуваме нашата солидарност со нив и ќе бараме највисока казна за сите животни закани упатени до нашите колеги мотивирани од овој инцидент “, истакна Секуловски.

    Мрежата ,,SafeJournalists“, која обединува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, ги осудува нападите и цел на четворица новинари и бранители на слободата на медиумите во БиХ. Бараме брза и ефикасна истрага и соодветна казна за сторителот. Исто така, ги повикуваме надлежните органи да ја преиспитаат одлуката за ослободување на Јасмин Мулахушиќ од притвор, особено имајќи предвид дека тој продолжи со истата практика како и досега, и дека постои можност за повторување на кривичното дело.

    Мрежата ,,SafeJournalists” ќе ги извести сите релевантни домашни и меѓународни актери за овој случај на нападот.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 23.09.2021 година.

    Здружение на новинарите на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независно новинарско здружение на Србија