СЈ: Премиерот на Албанија му забрани на новинар да присуствува на прес-конференции

    0
    86

    Минатиот петок, 1 јули, за време на прес-конференција со новинарите, премиерот на Албанија Еди Рама му рекол на Клевин Мука, ​​новинар на ТВ станицата А2 Си-Ен-Ен (подружница на Си-Ен-Ен во Албанија) дека не му е дозволено да присуствува на други прес-конференции на Премиерот во следните три месеци и мора да биде испратен на „превоспитување“ за, како што смета Рама неетичко однесување на страната на новинарот.

    Клевин Мука и поставил прашање на министерката Олта Џачка за нејзиниот конфликт на интереси како министер и нејзиниот сопруг како стратешки инвеститор на владата на Албанија во туристичкиот сектор. Рама не му дозволил на министерот да одговори, туку јавно го посочи новинарот како недобредојден на идните прес- конференции.

    Претставничката на SafeJournalists мрежата во Албанија Блерјана Бино објасни дека ова е втор пат Рама да им прави исто на новинарите на прес-конференции кога не му се допаѓа прашањето.

    „Премиерот му го скрати правото на известувачот да добие соодветен одговор за многу добро прашање од јавен интерес. Прашањето на Клевин, доколку се одговори, ќе им дадеше на министерката Џачка и на премиерот можност да фрлат малку светло на прашањето за конфликт на интереси и ќе овозможеше на јавноста поголема транспарентност за предметната тема. Наместо тоа, во друг пат, премиерот избра ароганција наместо транспарентност и затворање на вратата за новинарите, особено за добрите“, изјави за овој случај Блерјана Бино.

    Таа беше загрижена и за недостатокот на новинарска солидарност за време на конференцијата.

    „Сепак, сега медиумската заедница и независните организации и граѓански организации се собираат зад Клевин во обид да го поддржат критичкото и независно квалитетно новинарство. Дефинитивно ни треба поголема солидарност меѓу новинарите во Албанија и пошироки сојузи за слобода на медиумите“, заклучи Бино.

     

    SafeJournalists мрежата, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, остро го осудува однесувањето на премиерот на Албанија. Политичарите треба да престанат да ги обвинуваат новинарите за „неетичко однесување“ кога не сакаат прашања. Ги потсетуваме дека се должни да одговараат на сите прашања од јавен интерес, а не да задржуваат одговори. Јавната функција е должна да биде подложена на повисок степен на критички мислења кои се однесуваат на резултатите од нивната работа во однос на извршувањето на нивната функција.

     

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

     

    Приштина – Скопје – Сараево – Загреб – Белград – Подгорица – Тирана, 4 јули 2022 година

     

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружението на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора