SafeJournalist: Закани за новинарите на Центарот за истражувачко новинарство (ЦИН) во Босна и Херцеговина

    0
    99
    photo: canva

    Зоран Чегар, шеф на униформираниот полициски сектор на Федералната полициска управа (ФПА) во Босна и Херцеговина, во средата им се заканувал и ги нападнал новинарите од Центарот за истражувачко новинарство (ЦИН).

    Имено, новинарката на ЦИН побара коментар од Зоран Чегар пред Судот во Дубровник, по завршувањето на рочиштето. Чегар реагирал бурно, заканувајќи и се на новинарката со зборовите: „Не ме терај да ти го скинам грлото!“.  На гореспоменатиот началник му се суди за кривично дело измама. Според ЦИН, му се суди за измама на Дарко Марковиќ, сопственик на агенцијата за изнајмување јахти и автомобили „Прозура“ за 20.000 евра.

    Ова не е првпат Чегар да им се заканува на новинарите на ЦИН. Работејќи на приказна за тоа како се стекнал со повеќе милионски имот во Босна и Херцеговина и Хрватска, ЦИН контактирал со Чегар и го замолил за интервју, кое тој го одбил, со закани и пцовки. Чегар во таа прилика им порача на новинарите: „Не ни помислувајте да ми се јавите повторно, за да не дојдам кај вас таму од каде што ме викате“.

    Здружението на новинари на БиХ вели дека се многу загрижени за безбедноста на нивните колеги од ЦИН, бидејќи се работи за директни и отворени закани за насилство, од лице кое веќе има историја на насилничко однесување, за кое медиумите објавија пред. „Очекуваме надлежните институции да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на безбедноста на новинарите, како и да се санкционира Чегар по итна постапка. Според информациите што ги добивме од колегите од ЦИН, Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево одобрило полициска заштита и постојан надзор за нивните новинари, а редакцијата е под патролен надзор. Тоа доволно говори за сериозноста на споменатите закани“, вели Маја Радевиќ, истражувач од Здружението на новинарите на БиХ.

    Покрај Здружението, денеска реагираше и министерот за внатрешни работи на Федерацијата на БиХ, Аљоша Чампара. Тој поднесе барање за суспензија на Зоран Чегар. Министерството за меѓународни работи на ФБХ го осуди насилничкото однесување на Чегар врз новинарите, наведувајќи дека „на ова министерство му требаат храбри и чесни полицајци, а не кукавици кои се закануваат и напаѓаат жени“. Министерот ги покани Единицата за професионални стандарди на ФПА и надлежните судски органи приоритетно да го истражат случајот со напади и закани врз новинари на ЦИН.

    SafeJournalists мрежата, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се придружува на својата членка Здружението на новинари на БиХ во осудувањето на ваквото однесување на шефот на полицискиот сектор кон новинарите и ги повикува надлежните органи да спроведат ефикасна истрага и адекватно да го казнат сторителот.

    Мрежата SafeJournalists  ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб – Тирана, 28.10.2022.

     

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора