SafeJournalists: Албанскиот новинар Елвис Хила и неговата сопруга физички нападнати

    0
    192
    photo: canva

    Две лица физички го нападнаа новинарот на Репорт ТВ Елвис Хила и неговата сопруга во средата на 25 јануари во Лежe, Абанија.

    Додека новинарот Елвис Хила известувајќи за Report TV и shqiptarja.com во контекст на судска одлука во Леже, две лица физички ги нападнале него и неговата сопруга Бенерета Хила, која насилниците ја удриле во главата при обидот да интервенира и да го земе телефонот кој паднал поради нападот. Од насилството новинарот се здобил со скршеници и заедно со сопругата отишле во болница. Потоа настанот го пријавиле во полицијата.

    Во врска со овој напад реагираше и полицијата. Специјалисти за истражување на кривични дела во Полициската станица Леже распишале потерница по сторителите.

    Ова не е првпат Хила да биде изложена на напади поради неговата работа како новинар. SafeJournalist мрежата реагираше во 2020 година за незаконско приведување на Елвис Хила од страна на полицијата.

    „Ова е многу сериозен случај против локален новинар, дополнително влошен затоа што и неговата сопруга е жртва, но и затоа што е показател за тешкотиите со кои се соочуваат новинарите при известувањето за прашања поврзани со криминал или организиран криминал. Од друга страна, брзата реакција на властите и јавната солидарност и поддршка за Елвис Хила се цени “ – Блерјана Бино, SafeJournalists во Албанија.

    Мрежата SafeJournalists, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, го осудува овој случај и ги повикува надлежните органи темелно да го истражат инцидентот и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата. Ги повикуваме надлежните органи да се грижат за безбедноста на новинарите.

    Мрежата SafeJournalists ќе ги информира сите релевантни национални и меѓународни чинители за најновиот случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Скопје – Загреб, 26.01.2023

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора