Safejournalists: Безбедноста на новинарите во Косово сè уште е загрозена

    0
    218
    photo: canva

    Во текот на вчерашниот ден во Звечан и во Северна Митровица се случија неколку инциденти во кои беа нападнати новинари и загрозена нивната безбедност.

    Екипата на АТВ била нападната со камења додека известувала за протестот пред зградата на општината во Звечан. Според медиумите, неколку маскирани лица пукале во возило во движење, при што со полесни повреди се здобиле новинарот Фатлум Јашари и снимателот Бленд Тачи, а го скршиле и стаклото на автомобилот.

    Во Северна Митровица, по апсењето на М.М. новинарите беа спречени да ја вршат својата работа. Имено, новинарката на Радио КиМ Зорица Крстиќ Воргучиќ извести дека не е дозволено снимање и дека користењето телефон може да биде „многу опасно“ – „и за телефонот, за новинарот, но и за учесниците на протестот кои се јавиле или се обиделе да сними нешто“ изјави новинарот.

    Маскирани лица им приоѓале на новинарите, ги предупредувале и агресивно им рекле да не снимаат и фотографираат, бидејќи ќе има последици. Според Крстиќ Воргучиќ, фотографиите на една од новинарките биле избришани од нејзиниот мобилен телефон.

    На четиричлената екипа на ТВ Нова С и беше забрането да снима, со непримерно грубо и насилно обраќање.

    Уредничката на порталот Коссев, Татјана Лазаревиќ, го известила и Независното здружение на новинари на Србија дека во неколку наврати ја нападнале, забранувајќи и да известува и се обиделе да го прекинат снимањето и да и го одземат телефонот.

    Новинарите не стигнаа ни да добијат изјава од претставниците на Српската листа, а оваа партија не излезе ниту со соопштение.

    Посебно опасна кампања продолжи и денеска преку дел од социјалните мрежи, каде конкретно на мета е Татјана Лазаревиќ, но и новинарите воопшто, како одговорен за апсења и несигурност.

    Мрежата SafeJournalists, која застапува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, им се придружува на своите членови на Независното здружение на новинари на Србија и Здружението на новинари на Косово во нивната грижа за безбедноста на новинарите кои известуваат на северот на Косово и ги повикува сите актери, вклучувајќи ги сите политички субјекти и релевантните институции итно да престанат со таргетирањето и нападите врз новинарите.

    Мрежата SafeJournalists ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни а овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Приштина – Скопје – Сараево – Загреб – Белград – Подгорица, 14.06.2023

     

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора