SafeJournalists: Закани за новинарката Жаклина Таталовиќ на Твитер во Србија

    0
    232
    photo: canva

    Новинарката на телевизијата N1 во Србија, Жаклина Таталовиќ, во изминатите неколку дена била на Твитер и била навредувана од две лица. Во пораките што ги добила, меѓу другото стои дека треба да биде обесена и запалена на гилотина, а ја нарекувале и со погрдни имиња. Во втората порака, лицето што ги упатува заканите искрено се надева дека Русите нема да застанат само на украинските нацисти, туку ќе дојдат по луѓе како новинарката и други како неа.

    Од Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) велат дека ваквите закани не се изненадувачки со оглед на климата што веќе подолго време се создава кон новинарите во Србија и потсетуваат на голем број напади и притисоци врз новинарите. Жељко Бодрожиќ, претседателот на Независното здружение на новинари на Србија објаснува: „Заканите и навредите што ги доби нашата колешка Жаклина Татоловиќ јасно го покажуваат непријателското и опасното опкружување во кое работат професионалните новинари во Србија, а овие напади покажуваат и дека државните функционери, почнувајќи со претседателот на Републиката, генерира омраза и прави мети од новинарите, кои подоцна се напаѓани од поединци опседнати со пропаганда“.

    Мрежата SafeJournalists, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, остро ги осудува заканите кон новинарите. Мрежата ги повикува надлежните институции во Србија да ги пронајдат, гонат и казнат одговорните. На овој начин институциите треба да испратат јасна порака дека ваквото однесување е неприфатливо. И посочуваме на јавноста дека заканите кои доаѓаат од онлајн сферата се подеднакво опасни како и искажаните во живо и дека секој е одговорен за тоа што го пишува на мрежите.

    SafeJournalists мрежата ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни за овој случај.

     

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб – Тирана, 30.03.2023

     

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинарина Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора