SafeJournalists: Заплашување на новинарите во Босна и Херцеговина и Албанија

    0
    266
    slika: canva

    Мрежата SafeJournalists остро ги осудува случаите на кражба на опрема на новинарите Жана Кариќ – Гаук и Елдин Кариќ во Босна и Херцеговина и заканите кон новинарите на ТВ СИРИ кои известуваа од политички собир во Албанија.

    Додека ја прославувале 14-годишнината од порталот Журнал во саботата на 15 јули, непознато лице упаднало во станот на новинарките на порталот Жана Кариќ-Гаук и уредникот Елдин Кариќ и им ја украло работната опрема, односно двата компјутери.

    Здружението на новинари на БиХ (БХЈА) го оценува овој инцидент како насочен обид за заплашување на новинарите и уредниците на порталот Журнал, за да се откажат од истражувачко новинарство и објавување стории за случаи на криминал и корупција, чии актери се најголемите политички и државни функционери во Босна и Херцеговина.

    Здружението јавно ја повика полицијата на кантонот Сараево да спроведе итна истрага за овој случај, како и да преземе законски мерки за санкционирање на сторителите.

    Уште еден случај се случи вчера со новинарката Марси Кореши и нејзината екипа од ТВ СИРИ, кои добија сериозни закани за време на нивното известување за собир на Социјалистичката партија во градот Рогожина, среде претстојните локални избори закажани за 23 јули.

    Екипата на ТВ СИРИ пријавила дека им се заканувале и биле малтретирани од страна на две лица, идентификувани како роднини на кандидатот на Социјалистичката партија, Едисон Мемола. Марси Кореши и екипата во живо известувале од Рогожина за организирање ручек за наставници, лекари и други административни работници од страна на кандидатот на Социјалистичката партија, акт што е забранет за време на изборните кампањи. Новинарот објави дека повеќе лица, пешки и во возила, ја опколиле и се заканувале на екипата, физички ги грабнале и барале да престанат да известуваат и да ја напуштат просторијата. Дури им се заканувале и со насилно отстранување.

    Полицијата во Рогожина веднаш реагирала на инцидентот, откако добила повик за помош од екипата на ТВ СИРИ. Полициските служби ја советувале екипата да поднесе формална пријава и ги идентификувале и спровеле двете инволвирани лица, кои се и жители на Рогожина и роднини на кандидатот на Социјалистичката партија, за понатамошни процесни дејствија во полициската станица Рогожина.

    „Како директор на мрежата SafeJournalists, јас сум длабоко загрижен од неодамнешните инциденти кои вклучуваат заплашување и кражба насочени кон новинари во Босна и Херцеговина и Албанија. Ова не е само напад врз новинарите, туку напад врз демократијата и правото на слободен говор. „Не можеме да дозволиме стравот и заплашувањето да ја попречат нашата потрага по вистината. Ние цврсто стоиме против овие напади и ќе продолжиме да се стремиме кон свет во кој новинарите ќе можат да работат без страв од одмазда“. – изјави Драган Секуловски, директор на мрежата SafeJournalist.

     

    Мрежата SafeJournalists, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, остро го осудува секој вид заплашување на новинарите, без разлика дали се работи за упад во стан или за време на пренос во живо. Мрежата е загрижена за ваквата клима која се создава кон новинарите и ги повикува институциите во државите да реагираат на овие случаи и да покажат дека ги штитат правата на новинарите, медиумските работници и затоа ја почитуваат демократијата и слободата на говорот.

    SafeJournalists мрежата ќе ги информира релевантните национални и меѓународни чинители за овие случаи.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб – Тирана, 17.07.2023

     

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора