SafeJournalists: Маскирани лица му ги искршија забите на новинар од Приштина

    0
    210

    Мрежата „SafeJournalists“ остро го осудува физичкиот напад врз новинарот Висар Дуриќи во Приштина. На 25.02.2021 година, по полноќ Висар Дуриќи додека се враќал дома, три маскирани лица физички го нападнале. Во нападот лицата му ги искршиле забите и носот. Тој е пренесен во болница каде му е укажана лекарска помош. По интервенцијата на лекарите, тој беше пуштен на домашно лекување.

    Висар Дуриќи во својата работа опфаќа теми поврзани со верскиот екстремизам и радикалните групи на Косово. Здружението на новинарите на Косово реагираше во 2014 година во врска со неколку смртни закани што постојано ги добиваше (во времето кога работеше за „Gazeta Exprеss“). Во „Insajderi“ тој е истражувачки новинар, автор на документарната серија „InDoks“, каде што опфаќа и вакви теми, но исто така и корупција, афери и други чувствителни теми.

    Во интервју во 2019 година, Висар рече дека овие вербални закани продолжиле и сите се поврзани со темите што тој ги опфати во врска со радикалните групи. Некои од овие луѓе се затворени, а некои се правосилно осудени.

    Како и да е, Гентиана Беголи Пустина од „Здружението на новинари на Косово“ изјави дека физичкиот напад врз новинарот Висар Дуриќи е еден од најбруталните случаи што се случил кон новинарите.

    „Тоа е неприфатливо, вознемирува фактот што овие напади станаа се почести. Сметаме дека овој напад не само што предизвикува нарушување на нашата заедница и слободата на говорот, туку исто така ја нарушува климата за новинарство во демократско општество. Ги охрабруваме нашите колеги да не дозволат овие кукавички дела за да ги замолчат “, истакна Гентиана Беголи Пустина.

    Ова ни кажува дека новинарите во Косово воопшто не се заштитени и дека нивната професија станала опасна по живот.

    Мрежата на „SafeJournalists“, која претставува повеќе од 8.200 професионални медиуми во Западен Балкан, се придружува на својот член Здружение на новинарите на Косово во осудата на овој суров и подмолен напад.

    Ги повикуваме властите да го решат овој случај што е можно поскоро и да ги пронајдат кривичните дела.

    Ние ќе ги информираме релевантните национални и меѓународни чинители за овој нов случај.

    Секој напад врз новинар е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

     

    Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Скопје – Загреб,

     

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на хрватски новинари

    Здружение на независни новинари на Србија

    Синдикат на медиуми на Црна Гора

     

    25.02.2021 година.