SafeJournalists: Нападнати новинари во Србија и Косово

    0
    118

    Мрежата SafeJournalists остро ги осудува нападите врз новинарите на РТВ Дукаѓини (новинарот Лиридон Љозани и снимателот Диамант Машарај), дописникот на N1 од Ниш Милан Стојановиќ, како и заканите кон уредникот во списанието Карактер, Никола Крстиќ, кои дополнително ја зголемуваат несигурноста на новинарите во нивните секојдневна работа во Србија и Косово.

    Екипата на РТВ Дукаѓини, составена од новинарот Лиридон Љожани и снимателот Диамант Машарај, беше физички нападнат додека известуваше во населбата Пејтон во Приштина за пријавување приходи во Даночната управа на Косово во понеделникот (21-ви февруари). Сопственикот на еден од локалите каде што снимаше екипата најпрвин се обидел да ги спречи да ги извршуваат обврските, а потоа физички го нападнал снимателот Машарај. Телевизиската екипа веднаш повикала полиција која го уапсила насилникот. За инцидентот во полициска станица изјава дадоа и новинари и снимател.

    Исто така, на 21 февруари, дописникот на N1 од Ниш, Милан Стојановиќ, добил закани од работниците на ЈП „Наисус“ додека го снимале откопувањето на улица од која извира вода викендов. Работниците почнале да му се закануваат викајќи да не снима. Иако Милан Стојановиќ им рекол дека е новинар и дека само си ја работи работата, работниците групно му пришле, му влегле во лице, го нападнале обидувајќи се да го избркаат од задачата. Новинарот потоа повикал полиција, која го решила проблемот обезбедувајќи ја екипата на ТВ N1 околу половина час додека не ја завршат работата, за да спречат дополнителен напад.

    Уредникот на весникот „Карактер“, Никола Крстиќ вчера добил неколку сериозни закани од исто лице од отворен профил на социјалната мрежа Твитер. До новинарот беа упатени брутални закани и навреди, на кои насилникот на неколку начини навел како ќе се однесува со новинарот Крстиќ и неговите истомисленици, особено нагласувајќи дека неговото место е во „пластичната црна кеса“. Во заканите се наведуваат страшни начини да се повреди новинар. Во исто време, новинарот е повикан да одговори на тие закани, а тоа се прави преку неколку коментари во нишката поврзана со пишувањето на Никола Крстиќ и дискусијата за геноцидот во Сребреница.

    Драган Секуловски, директор на SafeJournalists мрежата рече: „Физичкото насилство врз медиумските работници е неприфатливо и мора прво јавно да биде осудено од локалните власти, а потоа веднаш да се казни од надлежните судски институции. Тој додаде: „Само брзиот одговор на локалната полиција, а потоа и на јавниот обвинител за случаите во кои се повредени правата на новинарите, ќе ја заштити слободата на изразување и ќе спречи идни напади врз медиумските работници“.

    Мрежата SafeJournalists ги осудува последните напади врз новинари и го поздравува апсењето на напаѓачите на екипата на РТВ Дукаѓини. Независното здружение на новинари на Србија поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство за високотехнолошки криминал во врска со заканите добиени од колегата Крстиќ. Ги повикуваме високите функционери да ги осудат сите напади и закани врз новинарите кои се случуваат за само еден ден, а надлежните институции да ги преземат сите мерки што им стојат на располагање за да се обезбеди безбедноста на новинарите.

    Мрежата SafeJournalists ќе ги информира сите релевантни национални и меѓународни чинители за тие случаи.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 22.02.2022

     

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружението на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора