SafeJournalists: Неприфатливо е суспендирањето на лиценцата на Клан Косово

    0
    400

    Мрежата SafeJournalists е длабоко загрижена со одлуката на Министерството за индустрија, претприемништво и трговија да ја потврди суспензијата на лиценцата за работа на Клан Косово.

    Оваа одлука го загрозува плурализмот и слободата на медиумите, а истовремено дава силна порака до другите медиуми. Клан Косово соопшти дека ќе поднесе жалба на пресудата пред суд.

    Мрежата SafeJournalists и Здружението на новинари на Косово (ЗНК) се вознемирени од оваа одлука. ЗНК смета дека оваа одлука од самиот почеток била политички мотивирана од владејачката партија и владата на премиерот Курти во нивните напори да го урнат најголемиот приватен ТВ канал на Косово. Тие, исто така, сметаат дека оваа одлука го нагласува отворениот и невиден напад на власта кон медиумите и служи како сигнал дека следната цел ќе бидат и други медиуми.

    „Шокирани сме од потегот на косовската влада и премиерот Курти да одат толку далеку, со донесување одлука за ефективно затворање на Клан Косово. Ние го гледаме како брутален обид за поткопување на слободата на медиумите во Косово и како отворена и невидена војна на оваа влада против медиумите во земјата. Стравуваме дека одлуката за најголемиот ТВ канал во Косово е само предупредување за она што може да дојде за другите медиуми во иднина, кои не и се допаѓаат на владејачката партија. Како што случајот ќе се префрли на суд, веруваме дека ќе биде донесена правична одлука Клан Косово да продолжи непречено да работи“ – изјави Џемајл Реџа, претседател на ЗНК.

    Мрежата SafeJournalists, која претставува над 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, ја споделува загриженоста на ЗНК и ги повикува меѓународните новинарски организации да ја осудат оваа постапка на косовските власти. Мрежа го повикува и судот да ја поништи оваа неоснована одлука на власта и со тоа покажува дека ја штити демократијата и правата на граѓаните.

    SafeJournalists мрежата ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад на јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Приштина – Скопје – Сараево – Загреб – Белград – Подгорица, 29.07.2023

     

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружението на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора