SafeJournalists: Новинар на РТРС вербално нападнат од српскиот политичар Шешељ

    0
    518

    Мрежата „SafeJournalists“ остро го осудува нападот на српскиот политичар Воислав Шешељ врз новинарката на Радио Телевизија Република Српска (РТРС), Наташа Милјановиќ – Зубац.

    Шешељ, осуден воен злосторник и лидер на Српската радикална партија, минатата сабота (30.01.2021 год.), вербално нападна новинарка на (РТРС) Наташа Милјановиќ – Зубац на телевизијата „Happy ТВ“ на шоуто „Викенд Утро“, нарекувајќи ја навредливи имиња и наводно откривајќи тајни за нејзиното минато.

    „Како новинар, со години известував за разни „чувствителни“ политички теми, корупција, криминал, но никогаш не сум доживеалa такви брутални и монструозни напади. Овој пат јас бев мета и ако институциите не сторат нешто во овој случај, прашањето е кој ќе биде следен “, рече Наташа Милјановиќ – Зубац за мрежата „SafeJournalists“.

    „Исто така, морам да кажам дека сум многу разочарана што домаќините и редакцијата на телевизијата „Happy ТВ“ му дозволија на Шешељ да изнесе такви навреди, без никаква реакција или обид да го спречат во тоа. Сето тоа влијаеше на моето здравје, како и на членовите на моето семејство, и јас дефинитивно планирам да ги тужам Шешељ и Happy ТВ, како и другите медиуми кои ги пренесоа неговите тврдења“, додаде таа.

    Од друга страна, Борка Рудиќ, генерален секретар на Здружението на новинари во БиХ, рече дека „ова е брутален пример за лоши изјави на политичари кои континуирано зборуваат за политиката на насилство врз жените новинарки“.

    „Институциите мора да стават крај на кршењето на човековите права на жените, и во овој контекст ги повикуваме Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) и Советот за печат на Србија да преземат законски пропишани мерки за родова дискриминација, нарушување на приватноста и вербално насилство врз новинарите на РТРС. Ужасно е што овој вид на насилство е одобрен и извршен од одредени медиуми, давајќи им можност на политичарите да го злоупотребат медиумскиот простор за да го нарушат човечкото и професионалното достоинство на женските новинари “, рече Борка.

    Ова не е првпат Воислав Шешељ да се однесува вака на телевизии што имаат национална фреквенција. Нејзиното постојано присуство во многу набудуваните медиуми во Србија остава далекусежни последици и за медиумите и за целото општество во Србија, и пошироко.

    Мрежата на „SafeJournalists“, што претставува повеќе од 8.200 професионалци во медиумите од Западен Балкан, им се придружуваат на своите членки Здружението на новинарите од БиХ  во осудата на насилниот и навредлив говор и ги повикуваат јавните лица и политичарите да се однесуваат правилно во нивните јавни настапи. Исто така, ги повикуваме регулаторните и саморегулаторните тела во Србија да преземат мерки против медиумите што дадоа простор за таква несоодветна содржина.

    Ние ќе ги информираме релевантните национални и меѓународни чинители за овој нов случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Скопје – Загреб, 02.02.2021 година.

    , ,