SafeJournalists: Поддршка на македонскиот марш – за одбрана на новинарското достоинство

    0
    42

    Мрежата SafeJournalists, која собира повеќе од 8.200 медиумски професионалци од Западен Балкан, се придружува на својот член, Здружението на новинари на Македонија, во поддршка на Маршот – за одбрана на новинарското достоинство што ќе се одржи во петок (17.02) во Скопје.

    Ние стоиме рамо до рамо со нашите македонски колеги во нивните напори за кревање глас за: итно донесување и спроведување на законите кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивно доследно спроведување, ставање крај на државниот ПР кој може го повредуваат јавниот интерес, почитувајќи ги работничките права и безбедноста на медиумските работници при вршењето на нивните професионални должности, на национално и локално ниво во Република Северна Македонија.

    Ќе останеме посветени на почитувањето на состојбата на правата на новинарите и состојбата на слободата на медиумите во оваа земја. Воедно, му ја честитаме 77-годишнината на ЗНМ и ги поздравуваме нивните посветени напори за одбрана на новинарското достоинство на македонските новинари и медиумски работници.

     

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 16.02.2023

     

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора