SafeJournalists: Поранешен државен функционер во Хрватска му се обратил на новинар на крајно непримерен и неприфатлив начин

    0
    140
    photo: canva

    Во петокот, на 15 октомври, поранешната пратеничка на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Стева Чулеј, моментално претседателка на Здружението на специјални полицајци од Татковинската војна на Република Хрватска, му рече на новинарот Гордан Духачек дека посакува новинарот да биде силуван.

    Ова се случи откако Вишиот кривичен суд му ја намали казната за силување од две години на една година и шест месеци затвор на поранешниот градоначалник на ХДЗ на општина Ласиња, Жељко Пригорац, бидејќи, според одлуката на судот, тој е „угледен воен ветеран“, што беше земено како олеснителна околност. Новинарот Гордан Духачек од порталот Index.hr му се јавил на Цулеј, се претставил и побарал коментар. Покрај разните навреди, Чулеј му рекол: „Знаеш за што ми е жал? Би сакал и тебе да те силуваат! (смеа) и силувачите да не сносат санкции“, а додал „запиши го ова“.

    Претседателот на Здружението на новинарите на Хрватска, Хрвоје Зовко, смета дека ова е еден во низата примери кои покажуваат во каква средина работат новинарите, непријателска средина за која здружението предупредува со години. „Бараме владејачката партија ХДЗ да одговори на ваквите неприфатливи изјави на нејзин член. Исто така, Здружението на новинарите на Хрватска бара институциите да реагираат бидејќи молкот на институциите е дополнителен мотив поединци да продолжат со непријателството кон новинарите“, рече Зовко.

    Мрежата SafeJournalists, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се придружува на својата членка Здружението на новинари на Хрватска во осудувањето на ваквиот третман на новинарите од страна на поранешни функционери. Мрежата SafeJournalists ги повикува надлежните органи во Хрватска да реагираат и да покажат дека ваквиот говор е недозволив на јавен простор.

    SafeJournalists мрежата ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни за овој случај.

     

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб – Тирана, 17.10.2022

     

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија