„SafeJournalists“: Смртни закани за новинарите на „Независне новине“ во БиХ

    0
    286

    Откако доби смртни закани, главната уредничка на „Независне новине“ Сандра Гојковиќ-Арбутина е загрижена дека државата повторно нема да го идентификува и санкционира сторителот.

    Во попладневните часови на 17 декември 2020 година, редакцијата на Независне новине од Бања Лука доби повик од непознат број. Откако еден човек рече – „Затворете ги канцелариите порано, денес ќе бидете мртви“, новинарите го информираа Министерството за внатрешни работи на Република Српска за оваа директна смртна закана. Полицијата го истражува инцидентот.

    Зборувајќи за мрежата на „SafeJournalists“ Сандрa Гојковиќ-Арбутина, главниот уредник на Независне новине, рече дека тоа не е прва, а веројатно и нема ни да биде последната закана што ја добиле медиумите.

    „Она што нè загрижува е тоа што системот обично не ги сфаќа заканите кон медиумите сериозно. Обично сето тоа завршува со „Веројатно е некоја будала, не грижете се“. – рече Гојковиќ-Арбутина – „Но, ние, на крајот на краиштата, не знаеме дали „некоја будала“ е подготвена да стори повеќе. Не беше пријатно за никого во канцеларијата на „Независне новине“ да продолжи со работа нормално и покрај тоа што е наше секојдневно работно искуство. Особено сум загриженa дека медиумите се изложени на такви работи скоро секој ден, и што станаа составен од нашата работа. “Не, тоа не може да биде дел од нашата работа и секое од овие закани мора да се испита и гони“. Сандра Гојковиќ – Арбутина истакна дека во вакви случаи, дури и кога тие се подложени на полициска обработка, обвинителството генерално проценува дека нема елементи за понатамошна постапка. „Тоа е неприфатливо“ – заклучи таа.

    Здружението на новинари на БиХ, член на мрежата на „SafeJournalists“, изјави дека агресивните закани со можни сериозни последици врз животот и професионалниот интегритет на вработените во ”Независне новине” претставуваат сериозен напад врз слободата на изразување и безбедноста на новинарите.

    „Во БиХ има сериозно зголемување на насилството врз новинарите. Само во 2020 „SafeJournalists“ мрежата регистрираше 17 експлицитни закани, физички напади и смртни закани врз новинари и медиуми. Ниту еден од овие случаи не заврши со санкционирање на напаѓачите! „- рече Борка Рудиќ, генерален секретар на Здружението на новинари во БиХ – „Затоа, ние уште еднаш потенцираме дека секој од овие случаи е сериозно кривично дело за кое е потребен итен одговор и решителни мерки од страна на полицијата, судството и другите институции за казнување на сторителите. ”

    Мрежата на „SafeJournalists“, претставувајќи повеќе од 8.200 професионалци во медиумите од Западен Балкан, се придружува на својата членка на Здружението на новинари БиХ во осуда на заканите. Изразуваме сериозна загриженост во врска со недостатокот на соодветни активности од страна на националните власти што би ги одвратиле ваквите случаи. Ниту еден новинар не смее да презема закани, вербални или физички, ниту напади како дел од нивната секојдневна работа. Очекуваме националните власти да направат повеќе за да ја обезбедат безбедноста на новинарите во нивните канцеларии, кога известуваат и дома. За почеток, тие мора многу побрзо да ги испитаат ваквите инциденти, да ги идентификуваат и санкционираат сторителите.

    Мрежата на „SafeJournalists“ ќе ги информира релевантните национални и меѓународни чинители за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 18.12.2020 година.

     

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на хрватски новинари

    Здружение на независни новинари на Србија

    Синдикат на медиуми на Црна Гора