SafeJournalists: Смртни закани за новинарот од дневниот весник ,,Данас” од Србија

    0
    339
    photo: canva

    Новинарот од дневниот весник ,,Данас”, Војин Радовановиќ, доби смртна закана на Инстаграм. Радовановиќ добил коментар на приказна на Инстаграм во која објави изјава од Здружението на новинари на Србија (УНС) за нападот врз него од непознато лице што се случи на крајот на јуни. Во соопштението на Здружението на новинари на Србија (УНС) се наведува дека поминал еден месец од нападот, а полицијата не го интервјуирала предложениот сведок. Како реакција на оваа приказна, на Радовановиќ му е испратена порака од профилот selidbeiprevozz: „Треба да те убијат за пример, погледни се“. Заканата веднаш била пријавена во Обвинителството за високотехнолошки криминал.

    Војин Радовановиќ за мрежата SafeJournalists изјави дека уште од средно училиште, кога го започнал својот подкаст, добивал многу навреди, од кои многу биле говор на омраза. „Сум изградил став во себе да ги примам сите тие навреди и закани тоа со едно големо „Па што“. По физичкиот напад целосно ја изгубив малата илузија дека безбедноста на новинарите во Србија воопшто постои. А одамна сфатив дека нападите а закани од ваков тип ќе се случат во одреден момент. Ги очекував. Заканата дојде од бизнис профил на фирмата што врши селидби, таму е и телефонскиот број, па мислам дека обвинителството нема да биде тешко да открие кој ми се закани со „убиство како пример за другите“.

    Обвинителството е тука да ги изведе пред лицето на правдата оние кои се закануваат и напаѓаат како пример на другите кои имаат исти намери. Со тоа што не реагираат и не се санкционираат ваквите луѓе само се охрабруваат, “, заклучи Радовановиќ.

    Адвокатот на Независното здружение на новинари на Србија (НУНС), Раде Ѓуриќ, вели дека сè уште имаме голем проблем со онлајн заканите. „Голем дел од овие закани остануваат надвор од процесот бидејќи нема соодветни докази дека биле упатени директни закани. Од друга страна, оние кои ги изговараат остануваат недостапни бидејќи нивниот идентитет е многу тешко да се утврди“, нагласи Ѓуриќ.

    Мрежата SafeJournalists, која застапува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, го повикува Обвинителството за високотехнолошки криминал брзо да го пронајде лицето кое му испратило смртни закани на новинарот и соодветно да го казни. Мрежата апелира до институциите сериозно да ги сфатат ваквите закани и веднаш да одговорат на нив.

    Мрежата SafeJournalists ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Приштина – Скопје – Сараево – Загреб – Белград – Подгорица, 02.08.2023

     

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора