SafeJournalists: Снимател на порталот „Инсајдери“ физички нападнат во Косово

    0
    208
    photo: canva

    Снимателот на порталот „Инсајдери“, Јетмир Муји, утрово бил физички нападнат во северна Митровица од група локални жители.

    Додека снимателот Јетмир Муји и новинарот Висар Дуриќи чекале интервју, забележале како непознати лица насилно им туркаат млад човек накај нивниот автомобил. Муји решил да го извади телефонот и да го сними овој настан. За време на снимањето, тој бил нападнат од овие лица и завршил во болница на југот на Митровица. Случајот е пријавен во полиција и Дуриќи веќе дал изјава во полиција.

    Џемајл Реџа, претседател на УО на Здружението на новинари на Косово, ја изрази својата загриженост за нападот и проблемите со кои се соочуваат новинарите при известувањето од оваа област: „Нападот доаѓа во време кога нема полициско присуство на местото на инцидентот и затоа нападите како овие можат да останат незабележани. Ја повикуваме косовската полиција да најде начин да ја осигура безбедноста на новинарите кои известуваат од северот на земјата и веднаш да го истражи нападот и да ги пронајде сторителите“, рече Џемајл Реџа.

    Мрежата SafeJournalists, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, се придружува на својата членка Здружението на новинарите на Косово во осудата на физичкото насилство врз медиумските работници и ги повикува надлежните органи да спроведат ефикасна истрага и соодветно да ги санкционираат сторителите.

    SafeJournalists мрежата ќе ги информира релевантните национални и меѓународни чинители за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб – Тирана, 17.11.2022

     

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора