SafeJournalists: Стоп за заплашувањето на новинарите во Косово

    0
    113
    photo: canva

    Синоќа некој се обидел да ја запали гаражата на уредникот на јавниот сервис, Албан Селими во Приштина.

    Албан Селими изјави дека некој се обидел да го заплаши, но дека тоа не го постигнале. „Некој се обиде да ја запали гаражата, за да ме исплаши. Но не ја постигнаа целта!“, напиша тој на социјалната мрежа Фејсбук. Новинарот го изгасил пожарот со помош на неговите соседи.

    Здружението на новинари на Косово (ЗНК) се сомнева дека овој напад е поврзан со последната емисија на новинарот во која тој зборуваше за изградба на нови згради во Приштина – како на новите згради им недостасуваат основни работи.

    Џемајл Реџа, претседател на УО на ЗНК, ја изрази својата загриженост во врска со обидот за подметнување пожар. „Многу сме загрижени за овој сериозен инцидент, во кој беше запален дел од приватниот имот на новинарот Албан Селими. Селими долги години работи со Јавната радиодифузија, РТК известува за многу прашања од јавен интерес, а овој напад е навистина знак, некои групи се незадоволни од неговото известување. Ја повикуваме косовската полиција да ја понуди потребната заштита за него и неговото семејство и да води брза истрага и да ги најде одговорните кои треба да се соочат со правдата“, истакна Реџа.

    Мрежата SafeJournalists, која застапува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, најостро го осудува жестокото заплашување на нашиот колега Селими и ги повикува властите да ги истражат мотивите на овој напад, да ги пронајдат сторителите што е можно поскоро и соодветно да ги казнат.

    Мрежата SafeJournalists ќе ги информира сите релевантни национални и меѓународни чинители за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Скопје – Загреб, 17.03.2023

     

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора