SafeJournalists: Безбедноста на новинарите под ризик за време на нивното известување од северот на Косово

    0
    311
    photo: canva

    Актуелните политички случувања во Косово уште еднаш ја разбрануваа атмосферата што ја попречува работата на новинарите да ги извршуваат своите професионални задачи со кредибилитет и без пречки.

    До овој момент, документирани се вкупно пет инциденти на напади врз новинари и медиумски работници во градовите лоцирани на северниот дел на Косово.

    Горенаведените настани опфаќаат случаи на физичка агресија, пример за сценариото на тимот на порталот Перископи, како и случаи на уништување и вандализам на имот што им припаѓа на професионални субјекти, како што се „ТВ1“, „Дукаѓини“, „Калксо“ и „Топ чанел“. Автомобилот на ТВ 1 бил запален, откако бил вандализиран со камења. Новинарите се напаѓани од локалното население откако ќе бидат забележани преку нивните микрофони, логоата во автомобилите, како и кога ќе се слушнат како зборуваат на албански јазик. Во Звечан, новинарите од медиумите на албански јазик беа принудени да се засолнат во зградата на општината еден час за да спречат нови напади кон нив. Згора на тоа, српските новинари тврдат за дискриминација на медиумите од страна на косовските власти и деновиве. Последниот пример го пренесуваат новинарите на Косово онлајн, од каде тврдат дека денеска им е забранет влез во општина Звечан со образложение дека таа е од српска националност.

    Здружението на новинарите на Косово смета дека оваа ситуација е многу загрижувачка поради фактот што новинарите имаат тенденција да бидат примарна цел на сите фракции присутни за време на протестите и немирите во северниот дел на Косово. Исто така, врз основа на сведочењето на нашите колеги, може да се заклучи дека условите за работа во Звечан се неоптимални, особено во однос на несоодветното обезбедување на заштитна опрема.

    Сегашниот статус на новинарите предизвикува загриженост и стравување во врска со можноста за идни појави кои можат да бидат уште потешки.

    Мрежата SafeJournalists, која претставува повеќе од 8.200 медиумски професионалци, го повикува меѓународното присуство во Косово, одговорно за обезбедување стабилност, да им даде приоритет на заштитата и благосостојбата на новинарите и да промовира безбеден амбиент за нивно исполнување на нивните професионални должности, но и на сите државни и локалните власти да обезбедат еднаков третман на сите новинари во Косово.

    SafeJournalists мрежата ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни за овој случај.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб – Тирана, 29.05.2023

     

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора