SafeJournalists: Две новинарки физички нападнати во Приштина

    0
    30
    photo: canva

    На 3 април, новинарките на Лајми.нет Фјола Хисени и Линдита Бериша беа физички нападнати на улица во Приштина.

    На вознемирувачката снимка која ја објавија медиумите, фатени се жена и маж како физички ги напаѓаат и навредуваат новинарите притоа обидувајќи се да ги спречат да снимаат. Според медиумите, инцидентот започнал кога таксито во кое се превезувале новинарите им го попречило патот, што довело до физичка пресметка првично со таксистот. Понатаму, и покрај тоа што била информирана дека една од новинарките е бремена, напаѓачката не се воздржувала физички да ја нападне. Новинарите од таксито се обиделе да го снимаат настанот, а кога напаѓачите сфатиле дека ги снимаат и дека тие што ги снимале се новинари, станале уште поагресивни во нападот.

    Здружението на новинари на Косово го оценува физичкиот напад врз новинарите Хисени и Бериша како крајно вознемирувачки, неприфатлив и сериозна закана за безбедноста на новинарите. Џемајл Реџа, претседател на ЗНК, изрази длабока загриженост поради нападот врз колегите и неговиот невиден карактер. „Згрозени сме од нападот врз нашите колеги и сериозноста на инцидентот. Новинарите ја извршуваа својата должност со документирање на напад од истите лица на јавен простор. Сакаме да упатиме пофалба за нивниот професионализам во непријателска и опасна средина“, рече Реџа.

    Полицијата и Обвинителството ги поседуваат сите релевантни докази за брзо и ефективно постапување со случајот и да го повикаат парот напаѓачи кој е на видеото да одговара за сериозниот инцидент.

    Мрежата SafeJournalists, заедно со нејзината членка ЗНК, бара надлежните институции итно да дејствуваат против сторителите идентификувани на снимките и да постапуваат со случаи на напади врз новинари со најголема сериозност и приоритет за да направат позитивен преседан за во иднина.

    Мрежата SafeJournalists внимателно ќе ги следи случувањата во овој случај и ќе ги информира релевантните национални и меѓународни засегнати страни.

    Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Приштина – Скопје – Сараево – Загреб – Белград – Подгорица, 04.04.2024

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора