SafeJournalists: Закани кон новинари во Северна Македонија и Србија

    0
    367

    Новинарката на Истражувачката Репортерска Лабараторија (ИРЛ) Маја Јовановска добила закани од раководителот на Секторот за урбанизам во општина Маврово Ростуше, Садредин Елезоски по известувањето за дивоградбите што се градат во Националниот парк Маврово.

    На 02.06.2022 година, тимот на ИРЛ беше во Маврово на средба со повеќе вработени во општина Маврово и ЈП Националниот парк Маврово. Единствено раководителот на Секторот за урбанизам во општината Садредин Елезоски одбил да се сретне со новинарите, иако, според Јовановска, во неколку наврати бил контактиран. По повикот на Садредин Елезоски со Маја Јовановска, која објасни дека се уште се чекаат одговори на прашањата испратени на 4 април, тој упати навреди и погрдни зборови до новинарката, заканувајќи се со зборовите: „Пазете се од денес, ќе видите што може да ви се случи ако дојдете овде“.

    „Претходно имав индиректни закани поврзани со истражувањето на кое работев и кои доаѓаа од луѓе со моќ и влијателни позиции. Но, ова е прв пат директно да ми се закануваат. Отпрвин бев навистина исплашена, бидејќи истражувањата на кои работиме се повеќе докажуваат политички и бизнис интереси за уништување на најголемиот национален парк Маврово“, рече Јовановска пред ЗНМ во врска со овие закани.

    Уште една закана е упатена до српскиот новинар Перо Јововиќ од порталот ,,Nova.rs”.

    Пред два дена, на 5 јуни 2022 година, Јововиќ доби заканувачка порака на Инстаграм од профилот наречен „Црвени ѓаволи“ со следнава содржина: „Мислите дека заборавивме кога бевте во Приштина? П…О, не знаеш што ти подготвува!“

    Со оглед на тоа што Јововиќ пред осум месеци добил неколку сериозни закани, кои се пред обвинителството, новинарот се чувствува исплашен и разочаран од досегашните дејствија.

    „Ваквите пораки не се невообичаени, но тоа не значи дека не е опасно – затоа што никогаш не знаете кој и кога некој може да ве повреди. Мислам дека институциите нема да ја завршат својата работа и да најдат одговорност за овие закани, но се надевам дека останува малку човечност и совест кај луѓето кои работат таму, дека вакво нешто може да им се случи на нив или на нивното семејство, децата или пријателите. , изјави Перо Јововиќ за мрежата SafeJournalists.

    Драган Секуловски, директорот на мрежата SafeJournalists, која застапува повеќе од 8.200 медиумски професионалци во Западен Балкан, најостро ги осудува заканите упатени кон новинарите и ги повикува институциите во Северна Македонија и Србија да реагираат.

    „Кога се јавува сериозна закана по животот на новинар само затоа што тој ја работи својата работа во интерес на јавноста, од исклучителна важност е брзата реакција од страна на институциите. Затоа, МВР и Обвинителството мора да покажат капацитет и подготвеност за истрага и подоцна казнување на сторителите. Ова е единствениот начин да се искористи политиката на неказнивост и да се демотивираат идните напади врз медиумските работници“, изјави Секуловски по повод овие закани.

    Мрежата ,,SafeJournalists” ќе ги информира релевантните национални и меѓународни чинители за овие случаи.

    Секој напад врз новинарите е напад на јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб – Тирана, 07.06.2022

     

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружението на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора