SafeJournalists: Изразуваме загриженост поради одлуката на албанскиот Врховен суд во врска со случајот на новинарот Елтон Ќино

    0
    174
    photo: canva

    Мрежата SafeJournalists изразува сериозна загриженост за одлуката на албанскиот Врховен суд на 20 февруари 2024 година, во врска со случајот на новинарот Елтон Ќино, чија опрема беше конфискувана на 13 декември 2023 година, од страна на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК). Елтон Ќино, новинар на каналот Ора Њуз, ја оспори законитоста на одземањето на неговите телефони и компјутери во неговиот дом и канцеларија, тврдејќи дека тоа ја нарушува доверливоста на новинарските извори.

    Како што претходно беше изразено од SafeJournalists Network и нашите меѓународни партнери, дејствијата преземени против г. Ќино, вклучително и проверка на неговата резиденција и канцеларија и одземање на неговата лична и професионална опрема, поставија загрижувачки преседан во однос на доверливоста на изворите за новинарите и медиумските професионалци во Албанија.

    Иако ја разбираме неопходноста од законско почитување во судските постапки, од клучно значење е таквите дејствија да се усогласат со меѓународно признатиот принцип за заштита на новинарските извори. Овој принцип не е само клучен за правата на новинарите, туку е суштински и за правото на јавноста на информации и за целокупното здравје на едно демократско општество.

    Доријан Матлија, адвокатот што го застапува г. Ќино, ја објави нивната намера да поднесат жалба до Уставниот суд на Албанија. Тој тврди дека со својата одлука, Врховниот суд ја прекршил сопствената обврзувачка одлука која недвосмислено ги повредува процедурите и стандардите што обвинителството мора да ги следи кога бара извори од професионални новинари.

    Мрежата SafeJournalists го чека целосното обелоденување на судската пресуда од страна на Врховниот суд и бара да се зачува доверливоста на изворот на новинарите. Продолжуваме да го следиме овој случај.

    Секој напад врз новинари допира до јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

    Приштина – Скопје – Сараево – Загреб – Белград – Подгорица – Тирана, 27.02.2024

     

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора