SafeJournalists и MFRR: Институциите во Србија да одговорат на заканите кон новинарите

    0
    84

    Водителот на подкастот „Добриот, Лошиот и Грдиот “, Ненад Кулачин повторно е мета на закани. Последната закана до водителот е испратена преку социјалните мрежи од анонимен профил, а се однесувала и на неговиот брат. Мрежата SafeJournalists (SJN) и Media Freedom Rapid Response (MFRR), како организации посветени на заштита на слободата на медиумите и правата на новинарите, се загрижени поради се почестите закани упатени до водителот, додека надлежните институции во Србија фрлаат светлина само на еден случај кој е пријавен од почетокот на годинава. Нагласуваме дека заканите кон новинарите и медиумските работници во Србија се речиси секојдневна појава што ја загрозува нивната безбедност. Затоа ги повикуваме властите во Србија и меѓународната заедница да ги осудат овие закани, а институциите во Србија да ги заштитат новинарите и да ги санкционираат оние кои упатуваат закани.

    Ненад Кулачин годинава пријавил осум закани до обвинителството, а до денес е донесено само едно решение за отфрлање на кривичната пријава, додека останатите предмети се се уште во обвинителството. Дел од заканите се однесуваа и на неговиот колега Марко Видојковиќ. Последната закана што Ненад Кулачин ја доби преку социјалните мрежи од анонимен профил се однесуваше и на неговиот брат. Имено, профилот наречен „Саша Парис“ му се заканувал на Кулачин со навреди, притоа давајќи до знаење дека знае каде израснал водителот, а го спомнал и неговиот брат.

    Исто така, претходните провладини таблоиди водеа кампања против Кулачин, каде што беше окарактеризиран како „водечки идеолог на опозицијата“, „омилениот уредник на Драган Шолак“ и „пудлицата на Драган Ѓилас“, а непознати лица поставија плакати со несоодветна содржина во Белград.

    Ненад Кулачин и Марко Видојковиќ се водители на сатиричниот подкаст „Добриот, Лошиот и Грдиот“ кои со години добиваат закани поради нивната работа. Покрај анонимните закани, пред неколку години на водителките им се закануваше и градоначалникот на Белград во заминување, Александар Шапиќ. Тој рече дека ќе им го „откорне срцето“ на Кулачин и Видојковиќ кога ќе ги сретне на улица, но институциите овие зборови не ги препознаа како закана и беше донесена одлука за отфрлање на кривичната пријава.

    Исто така, во октомври 2021 година, мајката на Кулачин беше нападната во Бор, кога едно лице вербално ја нападна и и рече: „Твојот син треба да биде обесен“.

    Ненад Кулацин и Марко Видојковиќ веќе подолго време трпат сериозни закани. Поради закана за безбедноста, Видојковиќ бил преместен од својот дом, што му го обезбедиле меѓународните организации, додека Кулачин ја одбил таа можност.

    Неработењето на институциите, таблоидните кампањи и јавните закани од владини претставници создаваат атмосфера во која е нормално, па дури и пожелно да се закануваат и напаѓаат критичарите на власта.

    Поради сето горенаведено, SafeJournalists мрежата и Media Freedom Rapid Response ги повикуваат властите во Србија и меѓународната заедница да ги осудат овие закани, а институциите во Србија да ги обработат сите извештаи и итно да дејствуваат во такви случаи во согласност со задолжителните инструкции на јавното обвинителство и на овој начин испраќаат порака дека се залагаат за заштита на новинарите и медиумските работници, но пред се демократските вредности како што е слободата на говорот.

     

    Мрежата SafeJournalists

    Здружение на новинари на Македонија

    Здружение на новинари на Косово

    Здружение на новинари на БиХ

    Здружение на новинари на Хрватска

    Независното здружение на новинари на Србија

    Синдикатот на медиуми на Црна Гора

     

    Media Freedom Rapid Response 

    ARTICLE 19 Europe

    European Centre for Press and Media Freedom (ECPMF)

    European Federation of Journalists (EFJ)

    OBC Osservatorio Balcani e Caucaso Transeuropa

    International Press Institute (IPI)

    Free Press Unlimited (FPU)